КОРОНАВИРУСОТ ГИ ЗАГРИЖИ КУМАНОВСКИТЕ ЧЕВЛАРИ: Будно следат што се случува во Италија
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020 06:46
Кумановските чевлари се загрижени затоа што коронавирусот се шири на италијанско тло, и велат дека каква било блокада на увозот или извозот ќе има штетни последици по нивното работење.
Лидија Милановска, претседателка на Здружението на чевлари вели дека околу 10 отсто од кумановските фирми извезуваат за Германија, а остатокот за Италија. Овие денови будно следат што се случува со коронавирусот, и велат дека идните денови ќе имаат појасна слика. Се надеваат на добри вести, но спротивно можно е да делат откази.
„Ние имаме соработници претежно во јужна и централна Италија, а коронавирусот се појави во северниот дел, иако и таму имаме соработници, но сепак се малку. Повеќето фабрики се во околината на Рим. Засега немаме некои најави во однос на нашето работење, но ако се случи некоја блокада, ќе имаме штети, ќе мора работниците да ги отпуштаме, затоа што и меѓу сезона тешко се издржува. Како ќе исплатиме плати ако не работиме? Италија ни е пазар број еден“, додава Милановска.
Во Куманово има околу 50 фирми кои се занимаваат со производство на чевли, а во овој сектор работат над 1.400 работници.
Ако состојбата со опасниот вирус ескалира, тоа ќе биде удар за овие компании.
За чевларите проблем е што опасниот вирус се појави во Кина, бидејќи од оваа земја во други држави се увезуваат потребните репроматеријали.
Бројот на жртви во Италија се искачи на 11, откако во Ломбардија се потврдени уште четири смртни случаи од коронавирусот.Се зголеми и бројот на инфицирани, односно 322-ца луѓе. Освен во северниот дел на Италија, коронавирусот е регистриран и на југот од земјата. Во Тоскана е регистрирано едно заболено лице, исто како и во Палермо и во Лигуриа.
Италија останува најголемото жариште во Европа.
Првите случаи се регистрирани и во Хрватска, Австрија и Швајцарија.
Сања Атанасовска
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




