Коронавирусот го напаѓа и срцето, тврди рускиот министер Мурашко
Објавено во: Свет, Корона Вирус 09 Јули, 2020
Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко тврди дека новиот коронавирус најсилно ги напаѓа срцето и белите дробови.
Ова особено важи ако пациентите добиваат тежок облик на симптоми.
„Најранливите органи и системи се белите дробови. Друг важен проблем што исто така бара медицинска помош се проблеми со срцето, особено миокардитис“, рече министерот.
Мурашкоистакна дека не се препорачуваат напорни физички активности поради сериозно исцрпување.
„Болеста што е прележана не овозможува обновување на функционалноста и капацитетот на белите дробови“, додаде тој.
Мурашко изјави и дека вакцинацијата во Русија е на доброволна основа, но дека за време на пандемијата на вирусот се зголемил бројот на приврзаници за вакцинација.
„Кај нас вакцинацијата во секој случај е исклучиво со согласност на самиот граѓанин, но интересот за вакцината е доста голем. Луѓето ја сфатија важноста на вакцинацијата и за време на пандемијата се зголеми бројот на луѓе кои сакаат да се вакцинираат“, рече Мурашко за ТВ „Русија 1“.
Тој вели дека 17-те вакцини на кои се работи, имаат добра перспектива.
Во Русија кај 707,301 луѓе е дијагностициран коронавирусот, а од него починаа над 10.000 луѓе.
Во светот има 12.2 милиони заразени од опасниот вирус.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.