Коронавирусот ја намалува плодноста кај мажите
Објавено во: Свет, Корона Вирус 03 Февруари, 2021
Ковид-19 е кобен за плодноста кај мажите, тврдат кинеските научници.
Прелиминарните студии утврдија присуство на вирусот во примероци на сперма од пациенти со ковид-19. Загрижувачки е тоа што сперматозоидите на заразените пациенти се три пати побавни, а бројот на сперматозоиди бил драматично помал. Истражувачи од Универзитетот за наука и технологија Хуажонг во Вухан повикуваат на итно истражување за долгорочните ефекти од заразата со ковид-19 врз плодноста кај мажите. САРС-КоВ-2, вирусот што ја предизвикува болеста ковид-19, влегува во човечкото тело преку ензим кој е присутен во голем број витални органи, вклучувајќи ги белите дробови, срцето, бубрезите и цревата. Ова ги остава подложни на значителни оштетувања, бидејќи вирусот таму се населува и почнува неконтролирано да се размножува.
Претходно, имаше тврдења дека вирусот ја намалува плодноста и кај жените.
Во светот досега се потврдени повеќе од 104 милиони случаи на коронавирусот.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.