19 Декември, 2025
0.0493

КОРОНАВИРУСОТ ЈА ОДЛОЖУВА ВЕКОВНАТА ТРАДИЦИЈА: Викендов ќе нема Карневал во Струмица

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2020 09:13

Добивај вести на Viber

Се поизвесно е дека вековната струмичка традиција годинава нема да се одржи.

Последен збор сепак ќе има Владата која на денешната седница ќе треба да се изјасни околу Карневалите во Струмица и Прилеп кои се одржуваат со години за време на Прочка.


Традицијата која за миг внесуваше ведрина во градот и ги оттргнуваше мислите на луѓето од секојдневните грижи, во стилот на карневалот во Рио најверојатно ќе се одложи. Ова е и став на Општина Струмица од каде за „Фактор“ велат дека ја чекаат одлуката на Владата.

Причината за одложувањето е коронавирусот, а според досегашните препораки на надлежните се препорачуваше избегнување на одржување манифестации и јавни собири а ваков предлог има и од највисоката инстанца во системот за управување со кризи во државата Управувачкиот комитет.

 Во Прилеп за денеска напладне е закажана итна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – донесување одлука за откажување на 19-иот меѓународен карневал „Прочка 2020“.

Ова е превентивна мерка поради ситуацијата со коронавирусот, зашто на меѓународниот карневал требаше да има гости од повеќе европски и балкански земји.

Со одлуката ќе значи дека се откажуваат сите тридневни карневалски организациски активности: денешната изложба на маски, утрешниот детски и големото карневалско дефиле што требаше да се одржи в недела


И.С.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните