Коронавирусот се појави и во Македонска Каменица
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Јули, 2020
Прв случај на коронавирусот се појави во Македонска Каменица.
Странски државјанин вработен во рудник е првиот позитивен пациент на Ковид-19. Тестот го направил поради патување во странство, при што истиот бил со позитивен наод.
Од Центарот за јавно здравје, направена е епидемиолошка анкета на одделот во кој што работел, како и во објектот каде е сместен странскиот државјанин.
Од општината од синоќа започнаа со спроведување на дополнителни мерки за заштита на населението, а најавен и состанок на Опшинскиот кризен штаб со цел дефинирање на понатамошните активности за спречување на понатамошно ширење на заразата.
Во последните 24 часа се регистрирани 129 нови случаи на ковид-19 во земјава. Во последното деноноќие починале шест лица.
По градови најмногу новозаболени се во Скопје повторно каде се регистрирани 45 нови случаи. Следува Штип со 25 нови, Гостивар и Тетово по 9. Во Куманово има 7. Дебар 1, -Прилеп 4, Струга 5, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 1, Кочани 3, Демир Хисар 1, Делчево 1, Свети Николе 3, Кичево 6.
Од починатите шест лица пет пациенти се од Скопје и еден од Струга.Во последното деноноќие направени се 1.535 тестирања.
фото Википедија
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.