Добивај вести на Viber
Турскиот министер за економија, Зафер Чаглајан, прифатил „како знак на внимание" швајцарски часовник во вредност од 240.000 евра од ирански бизнисмен кој живее во Турција , соопштува „Тудејс Заман ".
Во моментов, донаторот Реза Зараб е меѓу уапсените по мега скандалот за давање на мито за јавни набавки и перење на пари, кој ја тресе Турција. Според стенографијата, симната од записи со СРС , Чаглајан му рекол на Зараб дека нема да е лошо да му купи часовник Patek Philippe 5101G . Министерот се вљубил во мерачот за време на посетата на Женева .
Зараб испратил свој потчинет во Земјата на часовниците и тој ја купил најскапата играчка за големи момци. Часовникот бил доставен на министерот на 25 септември 2013 година во 1 часот и 25 минути наутро на Онур Каја , личниот секретар на министерот .
Записите од телефонските разговори го докажуваат барањето и добивањето на „подарокот" од министерот . На 24 септември 2013 година Онур Каја го прашува во телефонски разговор Зараб : " Кога ќе дојде нешто во Истанбул ? " . На што бизнисменот одговара: "планирам да го испратам во Анкара , не во Истанбул " . На кое секретарот на министерот одговара: "Нема проблем , и во Анкара е добро . Дури можеби е подобро . "
Малку подоцна , пак на 24 септември , Мурат Јилмаз , еден од подредените на Зараб , се повикува на Емрах , човек од обезбедувањето на Чаглајан. Јилмаз вели: " Во Швајцарија сум , шефот ме испрати да купам таму нешто . Можам да бидам во Анкара околу полноќ. Сакав да стапам во контакт со вас за да се разбереме како да ви пренесам нешто. Патем , ако ви треба нешто друго од тука , за вас , за жена ви , за децата? " . Емрах одговара лаконски : " Добро , ќе земам нешто од тебе , во ред? " .
SMS од Јилмаз до Зараб од 18 часот и 16 мин од 24 септември 2013 година гласи: " Г -дин Реза , ќе испорачам нешто на господинот преку неговиот личен телохранител 30 минути по полноќ. Само ве информирам" .
Друг запис од разговорот помеѓу Зараб и Онур Каја од 25 септември 2013 година Зараб вели: " Г -дин Онур , за ваша информација нештото беше доставено на г- дин Емрах минатата ноќ . " . На ова Каја одговара: "ОК , нешто штотуку дојде до мене. Во торбата е, го разгледувам. Г -дин Реза , ви благодарам".