КОШТА: Не ви треба план Б, туку само реализирање на планот А
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2025 17:00
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска во Скопје ги повтори познатите позиции на Брисел дека „она што е договорено е договорено и нема повеќе што да се договара“.
Кошта инсистира дека Македонија мора да ги исполни преземените обврски од 2022 година, односно земјава да ги усвои уставните измени со кои Бугарите треба да се вметнат во македонскиот Устав, додека премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека додека е тој премиер тоа нема да се случи, се додека од другата страна, односно Бугарија, има нула испорака. И Мицкоски и Кошта беа согласни во тоа дека процесот на евроинтеграција на земјава трае премногу долго.
Претседателот на Европскиот совет е категоричен дека не постои план „Б“ за отворање на преговорите.
„Не ви треба план Б, туку само реализирање на планот А и тоа е нашиот фокус, тоа е фокус на премиерот Мицкоски и тоа треба да биде фокусот на 27. земји членки на ЕУ. Ја посетив Бугарија пред две недели од таа причина, и ако ме прашувате какви гаранции имаме, јасно е: она што е договорено е договорено и нема повеќе што да се договара. Сега треба да се исполни тоа што е договорено, и нема повеќе простор да се прашува што уште треба да се договара“, изјави Кошта.
Мицкоски рече дека сака да види добра волја од другата страна.„Никој кај нас нема проблем како дел од преамбулата да ги вметне да речеме, Хрватите, Црногорците, Словенците и останатите, затоа што имаме принципиелен однос со тие држави. Дури ни Португалците, ни Шпанците, ни Французите, немаме таков проблем. Доста ние како држава направивме во името на тие европски интеграции во името на европската иднина. Ќе ве потсетам менувавме знамиња, менувавме име, менувавме Устав, како никој досега. Затоа реков да, фрустрирачки е патот и тежок“, рече премиерот.
Соседна Албанија ги почна преговорите лани и беше одвоена од Македонија.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти
„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен
Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец
Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец
Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно
НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ
И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното
ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција
СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери





