Косово бара помош, му се заканува хуманитарна катастрофа
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 10 Август, 2020
На Косово му се заканува хуманитарна катастрофа.
Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, испрати писмо до амбасадорите во земјата во кое бара помош по повод епидемијата на Ковид-19. Потсетувајќи дека неколку пати ги искажал своите ставови за пандемијата пред членовите на дипломатските мисии, Курти предупреди дека Косово се соочува со хуманитарна катастрофа, пренесува „Косово онлајн“.
Ги повикува да ги обезбедат здравствените установи во Косово со потребната медицинска опрема и со човечки ресурси за да се спречи здравствената криза да не се претвори во хуманитарна катастрофа.
Во последните 24 часа во Косово починале 14 луѓе од ковид-19, што го зголеми вкупниот број на смртни случаи на 341.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.