Косово ја зголеми минималната плата, наскоро ќе биде повисока од таа во Македонија
Објавено во: Економија 31 Октомври, 2025 11:35
Привремената влада на Косово денес одобри зголемување на минималната плата, која ќе достигне 500 евра до јули 2026 година.
Минималната плата, која е 350 евра, ќе се зголемува во две фази, првично на 425 евра во јануари, додека во јули ќе стане 500 евра месечно за сите вработени со полно работно време.
Вршителот на должноста министер за финансии, Хекуран Мурати, на состанокот на привремената влада изјави дека ова зголемување доаѓа по „анализите за влијанието што може да го има врз приватниот сектор, врз претпријатијата, но и врз вработените“.
Ова зголемување влијае на околу 150.000 вработени во приватниот сектор, според Мурати.
„По дискусиите што ги имавме и предлозите и сугестиите што ги добивме од претставници на синдикатите и бизнисите, нашиот предлог е минималната плата за следната година да биде 500 евра, или поточно 3 евра по работен час“, додаде тој.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




