Косовската полиција итно го прекина одморот на своите припадници
Објавено во: Балкан 03 Август, 2018
Косовската полиција им издаде наредба на своите полицајци итно да ги прекинат годишните одмори.
„Поради оперативни ангажмани се суспендираат одобренијата на полицајците се додека не се донесе поинаква одлука“, се наведува во наредбата на косовската полиција, потпишана од директорот Рашит Чељај.
Порталот Kallxo.com побара дополнително објаснување за ваквата одлука, но не доби конкретен одговор. „Косовската полиција во согласност со оперативното планирање го презема планирањето на човечките ресурси за ефикасно обавување на службеите должности“, се наведува во одговорот.