Костадин Костадинов одговори како е вработена мајка му
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2018 18:08
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ вели дека од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја оцрнат неговата мајка.
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ почнало да се занимава со моето семејство, пишува Костадинов на Фејсбук, откако претходно опозициската ВМРО – ДПМНЕ обвини дека неговата мајка била вработена во струмичкиот Централен регистар.
Тој вели дека од ВМРО-ДПМНЕ се соочени со вистината што ја објавиле за шемите на Христијан Мицкоски и Никола Груевски, директно поврзани со лично богатење преку хидроцентрали, и тоа во време кога му бил советник.
„Во интерес на јавноста информирам дека мојата мајка е вработена на најтранспарентен начин, преку оглас, времено, до 31.12.2018 година. Институцијата каде што времено е примена на работа, имаше објавено огласи за вработувања за повеќе работни места, а мајка ми е примена врз основа на нејзините квалификации и постапка еднаква за сите што аплицираа. Ниту СДСМ, ниту мојот ангажман како пратеник на било кој начин имаат некаква врска со тоа. Да заклучам, сите напади врз мене и моето семејство се залудни и лагите и извртувањата на вистината нема да ме спречат да продолжам да ја објавувам вистината за криминалните шеми на антизападниот Мицкоски со криминалецот Груевски“, пишува Костадинов.
За опозицијата пишува дека е нервозна затоа што не успеа да ја закочи Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




