18 Декември, 2025
0.3948

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА - идната година со поголемо портфолио и 200 нови работници

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2025 11:30

Добивај вести на Viber

Компанијата „Костал“ во 2026 година ќе го продолжи инвестицискиот циклус во фабриката во Охрид со нови 30 милиони евра и ќе бидат отворени нови 200 работни места. 

Каи Кникман, извршниот директор на „Костал Аутомотив“ истакна дека после девет години успешна работа, „Костал“ пристапува кон нова фаза на проширување.

- Во моментот, предвидуваме зголемување на приходите од 60 проценти споредено со минатата година, и тоа ни дава можност да продолжиме да инвестираме во нашата македонска фабрика. 

Во 2026 година ќе почнеме со нов циклус на инвестиции што во моментов е планиран да биде околу 30 милиони евра. Тоа значи дека новите инвестиции ќе донесат нови производи, натамошно зголемување од 20 проценти во текот на следната година и нови работни места - рече Кникман.

На средба со извршниот директор на „Костал Аутомотив“ Каи Кникман и Виктор Мизо, директор на „Костал“ Македонија, претпладнево беше премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази задоволство, што „Костал“ верува во Охрид и во Македонија, и продолжува да го зголемува своето производно портфолио.  

- Сепак, станува збор за компанија којашто генерално е семеен бизнис со голема традиција. Моментално ако ја анализираме нивната состојба во 2024 година, доаѓаме до обрт од околу 3,5 милијарди евра што е значајна работа. Нивните цели овде во Македонија се импресивни, да обезбедиме нови 200 работни места, да дојдеме до обрт којшто би бил поголем од 300 милиони евра и ние како Влада апсолутно сме тука да помогнеме во реализирањето на овие цели, бидејќи тоа за нас како држава значи многу - рече Мицкоски.   

Во „Костал“ во Охрид има околу 1200 вработени, а во 2026 година е планирано да бидат отворени дополнителни 200, што, како што посочи Кникман, претставува уште еден храбар чекор во нивната успешна приказна во Македонија.

- Ние како „Костал“ продолжуваме понатаму како инвестиции и развој во Охрид, иако европскиот пазар и автомобилската индустрија во моментов се во стагнација, сепак ние одлучивме со дополнителни инвестиции од над 30 милиони евра за следната година со нови клиенти да го прошириме портфолиото како на клиенти, така и на производи. Сметаме дека она што беше план во изминатите години, некаде до 2027 година ќе успееме и да имаме извоз и обрт поголем од 300 милиони евра - рече Виктор Мизо, директор на „Костал“ во Македонија. 

Со тоа, потенцираше Мизо, ќе бидеме позиционирани како една од трите најголеми фабрики-извозници во македонската индустрија, но истовремено тоа значи квалитетни, нови работни места во овие 200 плус вработени.

- Тука ќе има нормално работници кои ќе работат во производство, но технички лица кои ќе работат како инженери, но и луѓе во административни дејности-сето она што е поврзано со финансии, со логистика, со квалитет. Така од таа страна навистина очекуваме овој развој да биде позитивна вест не само за регионот, Охридско-Струшкиот регион, туку и за целата државата, но истовремено ова да значи еден мотив како и други компании би можеле да се фокусираат и да ја користат Македонија во целиот свој процес на експанзија, истакна Мизо, по посетата на Мицкоси на „Костал“.

Фото: Влада.мк

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје