01 Септември, 2024
0.0340

„КОСТАЛ“ ВРАБОТУВА 1.050 ЛИЦА: Mинатата година остварила извоз од 130 милиони евра

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

„Костал“ вработува 1.050 лица, а минатата година остварила извоз од 130 милиони евра.

Директорот на „Костал“, Виктор Мизо кој воедно е и претседател на Советот на странски инвеститори истакна дека анализата за бизнис инвестицискиот индикатор на Советот на странски инвеститори за 2023 година, покажува дека Царинската управа е најдобра од сите државни институции, којашто секогаш има поддршка, отворена дискусија и транспарентност, објави ohridnews. 

Подобрувањето на условите за водење бизнис е клучно за проширување на производствените капацитети, извоз на производи со повисока додадена вредност и нови работни места, беше потенцирано при денешната посета на фабриката за производство на делови и компоненти за автомобилската индустрија „Костал“ од страна на директорот на Царинската управа, Стефан Богоев.

Богоев заедно со директорот на „Костал“, Виктор Мизо, разговараа за активностите што ги презема Царинската управа како и за новите проекти коишто се реализираат со поддршка на Светска банка и ЕУ, меѓу коишто и Националниот едношалтерски систем.

„Задоволни сме што странските инвеститори препознаа во нас доверлив партнер, при што и јавно преку анкета не наведоа како орган од чија работа се најмногу задоволни. Ќе продолжиме и натаму интензивно да работиме на реализација на ветените проекти во висина од 30 милиони евра чија цел е олеснување на трговијата и транспортот и сузбивање на сивата економија и организираниот криминал“, истакна Богоев.

Мизо информира дека на средбата од нивна страна е предложено за можна времена мерка за дополнителна хармонизација на царинските стапки за увоз на производи од трети земји, што во нивниот случаи тоа е најчесто Азија. Тоа ќе доведе до зголемување на конкурентноста.

фото ohridnews

Можеби ќе ве интересира

Падот на патниците на скопскиот аеродром продолжува и во јули

Падот на патниците на скопскиот аеродром продолжува и во јули

ГИ ПРОДАВААТ КУЌИТЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ: Русите бегаат од Финска

ГИ ПРОДАВААТ КУЌИТЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ: Русите бегаат од Финска

НАРОДНА БАНКА: Растат каматите на депозитите

НАРОДНА БАНКА: Растат каматите на депозитите

ДОГОВОРОТ НЕМА ДА ГО ОБНОВАТ: Украина ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас

ДОГОВОРОТ НЕМА ДА ГО ОБНОВАТ: Украина ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас

ГРЧКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ГИ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИТЕ ВО АВГУСТ - нешто сепак поскапело, а тоа се рибите и морските плодови

ГРЧКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ГИ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИТЕ ВО АВГУСТ - нешто сепак поскапело, а тоа се рибите и морските плодови

Владата усвои нов закон за автопатот Кичево - Охрид, ќе се олеснува асфалтирањето

Владата усвои нов закон за автопатот Кичево - Охрид, ќе се олеснува асфалтирањето

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“

Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“