01 Декември, 2024
0.0287

Коце вика градам, опозицијата прашува- со чии пари!?!

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

За четири години во Скопје се пробиени 15.100 метри улици и булевари, рече Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, во својот отчет за сработеното за време на неговиот мандат. Покрај проширувањето на булеварите  Илинден, Свети Климент Охридски, Македонска војска, Митрополит Теодосиј Гологанов, Борис Трајковски, Србија, како и улицата МАНАПО, тој додаде дека последниве четири години, градот обновил 22.000 метри коловоз, а за време на неговиот мандат изградени се и три нови кружни текови во метрополата. Во мандатот на Трајановски пристигнаа 216 нови автобуси, а како свој успех тој го препишува воведувањето на зелениот бран на движење на возилата, решавањето на проблемот со таксистите, како и недостигот на паркиралишта во главниот град. „Градот Скопје, во соработка со Владата на Република Македонија во наредниот период ќе се заложи и за натамошно решавање на сообраќајот во Скопје преку изградба на подземна сообраќајница под кејот на Вардар. Ќе се гради подземна улица и зад Старата железничка станица", најави Трајановски. Трајановски не заборави да го спомене новиот изглед и огради на мостот „Гоце Делчев" и мостот на Револуцијата, а додаде и дека покрај решавањето на сообраќајните проблеми во градот, едни од приоритетите во изминативе четири биле јавната хигиена во градот, зазеленување на јавните површини и културните манифестации. За опозицијата пак, Отчетот на Коце Трајановски е обид со кој Градоначалникот сака да ја помати вистината дека неговото име ќе биде врамено на најсрамната епизода од постоењето на Скопје , а Коце Трајановски е човекот под чие водство на Скопје му се случи најголемото естетско и урбанистичко упропастување. Според нив, дури и најголемите проекти со кои што се фали во отчетот се проекти кои се финансирани од џебот на сите граѓани на Македонија со директна одлука на премиерот. Од опозицијата велат дека иако се потрошени стотици милиони евра во споменици, огради, фасади и градби, Скопје е денес место за потсмев и синоним за кич, а парите од задолжувањата за ваквите проекти ќе ги враќаат граѓаните на Скопје со генерации. „Градоначалникот својата негрижа секојдневно ја потврдува и со ослободување од обврската за плаќање комуналии на секакви објекти, меѓу кои и такви од комерцијална природа како и за сите оние за кои добива наредба од владата. Заради тоа градската каса е покуса за суми кои се мерат со милиони евра. Тоа е домаќинлукот на Коце“ велат од опозицијата. Според нив, наместо стратешки проекти кои беа ветени во програмата како Гасификација, Трамвај, Универзална сала, Подземен катастар, Пловен Вардар и слично, Градоначалникот ќе остане запаметен по неговите гусарски бродови, градски плажи, прескапи барокни фасади и рекордно најскапата ограда во светот од скоро два милиони евра, пластични канти на кредит кој ќе го враќаме до 2023 година. И на вчерашниот митинг на опозицијата, кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, Јани Макрадули, побара целозна ревизија на проектот Скопје 2014 и истакна дека Трајановски нема визија за градот туку е само потписник на идеите на Премиерот. Досега најдобар успех, според Макрадули му бил доручекот на Камениот мост, слика за мизеријата во која живеат граѓаните.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ВО ОБЕДИНЕТА ДРЖАВА КАКО МАКЕДОНИЈА, АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК КОЈ 80 ОТСТО ОД ЛУЃЕТО НЕ ГО ЗНААТ, НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ВО ЕДНАКВА СЛУЖБЕНА УПОТРЕБА“ - Џевдет Хајредини повторно прецизен

„ВО ОБЕДИНЕТА ДРЖАВА КАКО МАКЕДОНИЈА, АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК КОЈ 80 ОТСТО ОД ЛУЃЕТО НЕ ГО ЗНААТ, НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ВО ЕДНАКВА СЛУЖБЕНА УПОТРЕБА“ - Џевдет Хајредини повторно прецизен

„ГРАЃАНИТЕ САКААТ ДА ГИ ВИДАТ ПОЛИТИЧАРИТЕ ЗАЕДНО НА МАСА, ДА ИСПРАТИМЕ ПОРАКА ДЕКА ДРЖАВАТА Е БЕЗБЕДНА“ - став на генералниот секретар на СДСМ

„ГРАЃАНИТЕ САКААТ ДА ГИ ВИДАТ ПОЛИТИЧАРИТЕ ЗАЕДНО НА МАСА, ДА ИСПРАТИМЕ ПОРАКА ДЕКА ДРЖАВАТА Е БЕЗБЕДНА“ - став на генералниот секретар на СДСМ

СКИЈАЧКИОТ ЦЕНТАР ПОПОВА ШАПКА НОЌВА НЕ БЕШЕ „МИРЕН“ - се подготвуваат патеките за идеално скијање

СКИЈАЧКИОТ ЦЕНТАР ПОПОВА ШАПКА НОЌВА НЕ БЕШЕ „МИРЕН“ - се подготвуваат патеките за идеално скијање

КОН МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ДОАЃААТ НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ: Попоски ги соопшти деталите

КОН МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ДОАЃААТ НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ: Попоски ги соопшти деталите

„ПОЛИЦАЕЦОТ ДЕНЕС СЛОБОДНО ШЕТА ПОД СЛОГАНОТ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ТВОЈА“: Адеми вели ова е селективна правда

„ПОЛИЦАЕЦОТ ДЕНЕС СЛОБОДНО ШЕТА ПОД СЛОГАНОТ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ТВОЈА“: Адеми вели ова е селективна правда

ПРИТВОРЕНИТЕ ЗА СКВЕРНАВЕЊЕ ЗНАМИЊА СЛЕДНИТЕ 30 ДЕНА, СЕКОЕ УТРО НА ЈАРБОЛ ДА ГО ПОДИГААТ ЗНАМЕТО И ДА ЈА ПЕЈАТ ХИМНАТА НА ДРЖАВАТА ЧИЕ ЗНАМЕ ГО ЗАПАЛИЈА: Д-р Беќаровски со воспитна терапија

ПРИТВОРЕНИТЕ ЗА СКВЕРНАВЕЊЕ ЗНАМИЊА СЛЕДНИТЕ 30 ДЕНА, СЕКОЕ УТРО НА ЈАРБОЛ ДА ГО ПОДИГААТ ЗНАМЕТО И ДА ЈА ПЕЈАТ ХИМНАТА НА ДРЖАВАТА ЧИЕ ЗНАМЕ ГО ЗАПАЛИЈА: Д-р Беќаровски со воспитна терапија

„ПОЧНА ОДБРОЈУВАЊЕТО“: Екс градоначалникот на Бутел го украси својот дом

„ПОЧНА ОДБРОЈУВАЊЕТО“: Екс градоначалникот на Бутел го украси својот дом

ДОБРИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА ОД ЧАИР: Изгубеното детенце е пронајдено

ДОБРИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА ОД ЧАИР: Изгубеното детенце е пронајдено

И МАЛОЛЕТНИЦИ ГО ПАЛЕЛЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Тошковски ги соопшти деталите, уапсени 17 лица

И МАЛОЛЕТНИЦИ ГО ПАЛЕЛЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Тошковски ги соопшти деталите, уапсени 17 лица