15 Октомври, 2024
0.0247

КОВАЧЕВ ЌЕ БАРА ВМРО-ДПМНЕ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ОД ЕПП: Македонските политичари ги обвини дека со Вучиќ и Обран ќе отидат во Кина и Русија

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Ќе побараме ВМРО-ДПМНЕ да биде исклучена од ЕПП, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. 

Европратеникот рече дека ВМРО-ДПМНЕ на секој начин покажува дека сака да се приклучи кон Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан бидејќи, како што вели, се оддалечува од вредностите на ЕПП.

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Ковачев, дел од Европската народна партија (ЕПП), бара партијата да ја исклучи ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од ова „семејство“ на партии од десниот центар во Европа.

„Европската народна партија е информирана за политиката на ВМРО-ДПМНЕ кон Бугарија. Постојат опции за замрзнување на членството и отстранување на партијата од групата“, вели Ковачев. 

Тврди дека Македонија провоцира, а Бугарија нема вина. 

„Се обидуваат да нè испровоцираат за да може ние да бидеме виновниците, а тие да одат каде што отидоа со Вучиќ и Орбан во Кина и Русија. Ова е геополитичкиот наратив“, додава Ковачев. 

За ова барање, македонскиот премиер Христијан Мицкоски вели дека не е 1-ви април, но ова би била добра првоаприлска шега. 

Тензиите на релација Македонија - Бугарија се вратија на сцена откако бугарскиот претседател Румен Радев ја пречека македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова без македонско знаме, односно со две бугарски знамиња. 

На ова, македонскиот вицепремиер Александар Николоски рече дека домаќинот бил нецивилизиран, на што бугарските власти се налутија и бараат негова оставка. 

Можеби ќе ве интересира

„НАЈМАЛКУ ИМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ОВАА ТЕМА“: Митева контра предлогот на Османи „се сомневаме во нивните намери“

„НАЈМАЛКУ ИМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ОВАА ТЕМА“: Митева контра предлогот на Османи „се сомневаме во нивните намери“

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Е МНОГУ СПОСОБЕН, ЌЕ НАЈДЕ НАЧИН ДА ГИ ЗАТОПЛИ УЧИЛИШТАТА“: Јаневска по апелот на Јакимовски за плаќање на трошоците за греење

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Е МНОГУ СПОСОБЕН, ЌЕ НАЈДЕ НАЧИН ДА ГИ ЗАТОПЛИ УЧИЛИШТАТА“: Јаневска по апелот на Јакимовски за плаќање на трошоците за греење

ВОНРЕДНА КОНТРОЛА: АХВ затвори 13 игротеки

ВОНРЕДНА КОНТРОЛА: АХВ затвори 13 игротеки

СЕМЕЈСТВОТО НА НАТАША КОЈА БЕШЕ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ГЕРМАНИЈА СО ТАГА СЕ ОБРАТИ ДО ЈАВНОСТА: Ви благодариме за сѐ, никогаш нема да ја заборавиме

СЕМЕЈСТВОТО НА НАТАША КОЈА БЕШЕ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ГЕРМАНИЈА СО ТАГА СЕ ОБРАТИ ДО ЈАВНОСТА: Ви благодариме за сѐ, никогаш нема да ја заборавиме

БЕЗ ЈАСНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИИТЕ, И БЕЗ КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПРОЕКТИТЕ: ревизорите со бројни забелешки за Министерство за култура

БЕЗ ЈАСНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИИТЕ, И БЕЗ КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПРОЕКТИТЕ: ревизорите со бројни забелешки за Министерство за култура

„VIVA LA CUCINA“ – КВАЛИТЕТНИ МАКЕДОНСКИ ДОМАТИ НА ВАШАТА ТРПЕЗА

„VIVA LA CUCINA“ – КВАЛИТЕТНИ МАКЕДОНСКИ ДОМАТИ НА ВАШАТА ТРПЕЗА

Затвореник пукал во Чаир, застрелал во нога припадник на групата Грчец

Затвореник пукал во Чаир, застрелал во нога припадник на групата Грчец

ПОМАЛКУ СОЛ, ШЕЌЕР, КОНЗЕРВАНСИ, ВЕШТАЧКИ АДИТИВИ: Како да направиме поздрава зимница?

ПОМАЛКУ СОЛ, ШЕЌЕР, КОНЗЕРВАНСИ, ВЕШТАЧКИ АДИТИВИ: Како да направиме поздрава зимница?

КОИ ГРАДОВИ ИМААТ НАЈДОБАР, А КОИ НАЈЛОШ ЈАВЕН ПРЕВОЗ: Еве каде е Македонија

КОИ ГРАДОВИ ИМААТ НАЈДОБАР, А КОИ НАЈЛОШ ЈАВЕН ПРЕВОЗ: Еве каде е Македонија