КОВАЧЕВСКИ ДЕНЕСКА ЌЕ ЈА ПОДНЕСЕ КАНДИДАТУРАТА: И Ременски влегува во трката во СДСМ
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2021
Димитар Ковачевски, актуелниот заменик министер за финансии денес официјално ја ќе ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ во седиштето на партијата. Ковачевски најавува и изјава. Тој засега е единствен член на СДСМ кој најави дека ќе се кандидира за претседателската функција откако Зоран Заев даде оставка, а партиските органи ја прифатија.
За позицијата ќе с ебори и Фросина Ременски која веќе ја поднесе кандидатура за претседател на СДСМ.
Вели дека ја очекува поддршката од своите колешки во партијата.
Според информации на Фактор ќе има и други кандидати за оваа позиција. Ковачевски е човек кого го промовираше и самиот Заев, а тој го придружуваше премиерот на двете средби со лидерот на Алтернатива Африм Гаши.