Kовачевски кажа што е потребно за да францускиот предлог биде прифатлив
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2022 17:34
Не прифаќаме ништо без чиста формулација за македонскиот јазик и заштита на идентитетот, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Тој повтори дека Владата формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки.
„Чиста формулација на македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет, како и вклучувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот откако ќе почнат преговорите меѓу Македонија и ЕУ, се дел од клучните елементи, за „францускиот предлог“ да биде прифатлив за македонската страна“, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Ковачевски пишува и дека каков и да е конечниот усогласен текст на предлогот, за да биде прифатлив за македонската страна може да има цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската унија дека Бугарија нема да условува со нови барања.
„Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка“, пишува Ковачевски.
Премиерот додаде дека секое решение ќе треба да е консултирано со македонските институции.
За францускиот предлог има многу реакции. Либерално демократската партија (ЛДП) ќе ја напушти Владата ако власта го прифати францускиот предлог за кревање на бугарското вето.
Можеби ќе ве интересира
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка




