Ковачевски ќе свика лидерска средба
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2022
Премиерот Димитар Ковачевски ќе упати покана за лидерска средба до парламентарните политички партии.
Од Владата соопштија детали за тоа кога и каде ќе се одржи средбата.
„Ве информираме дека претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, која ќе се случи на 7.11.2022 година (понеделник), во 12:00 часот во Собранието на Република Северна Македонија. Средбата која ја свикува претседателот на Владата, Ковачевски се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус“, соопштија од Владата.
Поканата до претседателите на парламентарните политички партии ќе биде испратена во текот на утрешниот ден, 2.11.2022 година (среда).