19 Декември, 2025
0.0420

Ковачевски: Нема потреба од интервенција на државата во Слупчане, ЕВН се договори со надлежните

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2023 13:10

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски денеска при посетата на Свети Николе пред медиумите рече дека нема потреба државата со своите институции да интервенира во липковското село Слупчане каде што постојано има инциденти со ЕВН и освен тоа што се краде енормно количество на електрична струја, не се плаќаат ниту сметките за струја.

- Не се работи за интервенција на државните институции, туку за работењето на приватна компанија. ЕВН е приватна компанија која е странска директна инвестиција и која има обврска да испорачува електрична енергија до секое домаќинство во државата како универзален снабдувач. Со оглед на тоа дека во посоченото место имаше проблем со наплатата и со диво приклучување во мрежата, компанијата заедно со надлежното Министерство за економија имаа разговори со градоначалникот на Општина Липково. Според кажувањата на компанијата, градоначалникот и на самите жители, тој проблем е надминат, рече премиерот.

Според Ковачевски, планот е екипите на ЕВН наскоро да влезат и да направат комплетен увид на тоа кој бил приклучен на диво и тој да биде исклучен. Ковачевски дополни дека „кој не ги платил сметките, ќе мора да ги плати“.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот