Ковачевски поднесе и изборна програма во СДСМ: Партијата поминува низ предизвик, потребно е обединување
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2021
Димитар Ковачевски, заменик-министерот за финансии, попладнево покрај кандидатурата за претседател на СДСМ, ја поднесе и изборната програма под наслов „Заедно, одговорно и посветено“.
Како што рече тој, програмата се темели на три столба - Социјалдемократска визија, економски раст и фер шасна и јасен систем со одговорности.
„СДСМ поминува низ еден предизвик, секој глас од партијата треба да биде слушнат. Моето работење и мојот интегритет ќе го потврдам со одлуките што ќе ги носам, доколку бидам избран. СДСМ го има најголемиот кадровски потенцијал, рече Ковачевски.
Тој додаде дека негова заложба ќе биде да се врати единството во владеачката партија, но и дека покрај членовите на СДСМ, ќе треба поддршка да добие и од Конгресот.
- Претседателот се избира на непосредно гласање, па следува Конгрес на кој треба да се изјаснат делегатите на партијата, а јас не можам да предвидам што ќе се случи на тој Конгрес, подвлече Ковачевски.