САНЧЕЗ: Убеден сум дека Македонија што побргу ќе биде дел д ЕУ
Објавено во: Македонија 31 Јули, 2022 18:47
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и шпанскиот премиер Педро Санчез Перез-Кастехон, денеска остварија тет-а-тет средба на која уште еднаш беше потврдено силното пријателство помеѓу Кралството Шпанија и нашата земја, кое понатаму ќе се продлабочува.

„На средбата беше истакнато дека Шпанија е докажан поддржувач на Република Северна Македонија во нејзините евроинтегративни процеси, што е од исклучително значење за нашиот пат кон европското семејство.
Во срдечна и пријателска атмосфера беше оценето дека двете земји кои се и НАТО сојузнички, веќе три децении градат одлични билатерални односи и дека ваквите заложби ќе продолжат и понатаму.
Во рамки на првата официјална посета на премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон, делегациите од двете земји остварија и билатерална средба на која присуствуваа и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска“, се вели во владиното соопштение.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска го пречека премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез на својата прва официјална посета на Република Северна Македонија.
По срдечниот пречек двајцата премиери имаа тет-а-тет средба како и билатерална средба на делегациите од обете земји.
По работниот дел од посетата премиерот Ковачевски и премиерот Санчез дадоа изјави за медиумите. Ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Ковачевски:
"Задоволство е денеска да сум домаќин на првата посета на шпански премиер во Северна Македонија. Оваа историска посета е симбол на речиси 30 години одлични билатерални односи помеѓу двете земји.
Сакам во мое име и во името на сите граѓани да изразам благодарност за силната поддршка на Шпанија за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Оваа поддршка денеска и лично ми ја пренесува премиерот Санчез, што за мене, а верувам и за граѓаните на Република Северна Македонија претставува особено голема чест.
Како резултат на таа поддршка и поддршката на сите останати земји пријатели на Северна Македонија, пред нешто повеќе од 10-тина дена ја одржавме првата меѓувладина конференција со која ги отпочнавме преговорите со Европската Унија.
После донесените тешки одлуки кои бараат лидерство, храброст, одговорност и државничко однесување, направивме уште еден крупен чекор кон остварување на нашата повеќедецениска стратешка цел.
Најважно од сѐ, тоа го направивме како Македонци, кои говорат македонски јазик, со безусловно почитување на достоинството и посебноста на македонскиот народ.
Со отпочнувањето на преговорите, нашиот идентитет, нашата посебност, она што е карактеристично, македонско, наше, ќе остане автентично македонско и во Европската Унија од една страна, а ќе го збогати сложениот европски идентитет од друга страна.
Педро Санчез Перез-Кастехон порача дека од шпанското искуство со реформите за влез во ЕУ, е дека секогаш вреди да се биде дел од европскиот и политички проект – ЕУ.
– Убеден сум дека Северна Македонија што поскоро ќе биде дел од ова, рече Санчез.
Ние сме две земји од југот на Европа, нагласи Педро Санчез Перез-Кастехон, и нашите интереси и вредности се заеднички.
Претходно Ковачевски со највисоки државни почести го пречека премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон, кој денеска пристигна во прва официјална посета на земјава.
Со интонирањето на државните химни на Шпанија и на Северна Македонија започна официјалната церемонија за пречек на високите гости на платото пред Владата на Република Северна Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка




