19 Декември, 2025
0.0813

Ковачевски: Сите директори што јас ги поставив, добро си ја работат работата

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2022 11:37

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски како одговор на новинарско прашање за платите на директорите на М-НАВ, на денешната заедничка прес-конференција со европратеничката Ираче Гарсија Перез, рече дека е задоволен од сите нови директори на државни институции и претпријатија кои се именувани откако тој е претседател на Владата.

- Има позиции на кои што има нови директори и не треба да се прават сензационализми за платите, туку да се изберат вистински луѓе на вистинско место. Ја откако сум дојден, имаме нов директор на Македонска пошта, имаме нов директор на Фондот за здравство, нов директор на Санитарен и здравствен инспекторат, нов директор на Финансиска полиција и низа други директори. Досега од тие кои јас сум ги поставил , не гледам дека има некои недостатоци, туку напротив, тие добро си ја работат работата, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека Законот за плати се работи од Министерството за информатичко општество и администрација и не е готов затоа што ќе ја опфаќа целата државна управа која е многу сложена. Таму треба да се донесеат нови правила за тоа колкави може да им бидат платите на одредени функционери.

- Ние во моментов имаме неконзистентни плати. Вие може да имате директор или член на управен одбор на јавно претпријатие кое работи со загуба, а при тоа да имаат плати поголеми од министри, наведе Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот