03 Мај, 2024
0.0902

Ковачевски: Управни одбори на јавни претпријатија генерираат загуби, а имаат повисоки плати од претседателот

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски истакна дека е отпочнат процес за реформа во администрацијата и дека веќе има пилот министерства каде што ќе започне реорганизација и унапредување на процесите.

- Веќе е отворен процес на усогласување на општиот колективен договор со цел за дефинирање прво на износ на средства кои што ќе бидат искористени за зголемување на платите, како и нова методологија за порастот на платите која што ќе овозможи и зголемување на продуктивноста во јавниот сектор - рече Ковачевски во интервју за ТВ 21.

Тој дополни дека ова не значи загуба на работното место, туку оптимизација, унапредување на работењето, вреднување на најдобрите, зголемување на перформансите. Ковачевски нагласи дека заедно со процесот за постигнување на нов општ колективен договор се работи и на подготовка на нов закон за платите во јавен сектор.

- Имаме членови на управни одбори што генерираат загуби, а коишто имаат поголеми плати од Претседателот на држава, од претседателот на Врховен суд и од претседателот на Владата. Јас како претседател на Владата побарав да ги достават менаџерските договори кои што ги имаат јавните претпријатија и добивме одговор дека тие биле строго доверливи менаџерски договори. Затоа на Комисија за економски систем на Владата доби задача да ги обезбеди овие договори со јасна задача во период до крајот на годината да се  изработи закон за плати, со сите потребни консултации, во кои ќе се знае во јавниот сектор која е највисоката плата и потоа да бидат усогласени другите плати - посочи премиерот Ковачевски.

Тој дополни дека ова е начин применет во многу европски држави.

- Постои една голема неконзистентност кај платите кај раководниот кадар, меѓутоа и кај вработените во различни министерства. Се користат неревидираните општи колективни договори на различни гранкови синдикати коишто на различен начин ги дефинираат платите. Тоа треба да биде усогласено бидејќи е добро и за вработените, меѓутоа е добро и за зголемувањето на нивото на услуги кои ги даваат на граѓаните. Да не заборавиме платата во јавниот сектор ја плаќаат луѓето од приватниот сектор. Ние имаме 435 илјади вработени во приватниот сектор, кој што им плаќаат плата на 132 илјади од јавниот сектор - посочи премиерот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите