Ковачевски: За консултации останува уште Собранието
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2022 17:42
Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со Христијан Мицкоски рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ барал услови за прифаќање на францускиот предлог кои немаат поврзаност со идентитетот и јазикот.
- Нашиот Устав предвидува граѓани кои се самоопределуваат на друг начин и може да побараат да ги има во Уставот. Тука се Бугарите, Црногорците и Хрватите, а и египќанската заедница е значајна заедница. Тоа е прашање кое треба сите 120 пратеници да го поддржат, рече Ковачевски по консултациите со претседателот на најголемата опозициска партија.
Тој не очекува дека опозицијата нема да гласа кога за отпочнување на преговорите со ЕУ ќе треба двотретинско мнозинство за отворање на Уставот и внесување на Бугарите во истиот.
- Во моментот кога ќе дојде да се одлучува за вклучување на овие граѓани во преамбулата на Уставот, очекувам дека сите ќе бидат на висината на задачата, подвлече шефот на Владата.
Од агендата на широката консултација, преостанале уште некои други опозициски партии и дискусија во Собранието.
- Сите тие услови што ги наметнува Мицкоски се однесуваат на работи кои не задираат во чистиот македонски јазик, во идентитетот , ниту во самобитноста од било кој аспект, одговори Ковачевски на прашањето дали за него условите од ВМРО-ДПМНЕ за поддршка се прифатливи.
По консултативниот процес, сите мислења ќе бидат доставени до Владата, по што Владата ќе ја донесе одлуката и како извештај ќе ја испрати до Собранието за прифаќање на францускиот предлог.
Можеби ќе ве интересира
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар




