19 Декември, 2025
0.0413

Ковачки откако Законот за бранители не се најде на дневен ред: Не е потребно отворање на стари рани

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2025 10:00

Добивај вести на Viber

Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, а наедно и поранешен полковник, се огласи со мислење дека ќе се отворат стари рани со Законот за бранители, откако не се најде на дневен ред на собраниската комисија за социјална политика, демографија и млади.
Претседателката Благица Ласовска одби да го стави на дневен ред во комисијата Законот за бранители кој повеќе од 10 месеци е заглавен во истоимената комисија и блокирана од пратеници од ВЛЕН и од ДУИ.

„Ценам дека не ни е потребно повторно отворање на стари рани, особено кога истите се поттикнати од дезинформации и потреба од сензационализам.

На мислење сум дека во време на лесно ширење лажни вести, нашата најголема одбрана е поддршката за професионалното и објективно новинарство, како и негувањето на критичката мисла.

Верувам во вистината, во достоинството на службата и во заедничката иднина. Секогаш се трудам на лагите да им одговорам со факти, а на провокациите со мир.

Наместо да се враќаме на поделбите од минатото, да се посветиме на градење општество во кое владеат правдата, почитта и заедништвото.

Секој од нас има одговорност да придонесе за помирување и напредок, а тоа започнува со барање на проверени информации и одбивање да се подлегне на манипулации.

Заедно, како креатори на јавното мислење, можеме да создадеме иднина во која сегашните и идните генерации ќе растат во мир и хармонија, учејќи од минатото.

Сите треба да се придружиме во заложбите за подобро утре – иднина изградена на темелите на вистината и меѓусебното разбирање“, објави Ковачки меѓудругото на социјалните мрежи.

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, вчера повторно се обиде да го стави на дневен ред Законот за бранители кој е предлог на СДСМ, но пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ истото не го дозволи со што спречи гласање за Законот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот