КОВИД - 19: Меѓу починатите најмладиот е 34 годишен пациент од Куманово
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Ноември, 2020
Меѓу починатите од компликациите на коронавирусот, денес најмладиот е 34 годишен пациент од Куманово.
За 24 часа има 25 починати, објави Министерството за здравство.
Починати се 25 лица, тројца пациенти од Скопје (62, 82 и 75г), тројца од Тетово (46, 77 и 83г), двајца од Прилеп (71 и 79г), еден од Крушево (40г), пет пациенти од Куманово (34, 49, 49, 66 и 62г), четири пациенти од Битола (71,72, 73 и 75г), еден пациент од Гостивар (65г), еден од Кавадарци (69г),еден од Крива Паланка (75г), еден пациент од Струмица (70г), еден пациент од Валандово (60г), еден пациент од Пехчево (69г) и еден пациент од Свети Николе (68г). Од нив, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.
Досега од почетокот на епидемијата од коронавирусот починаа 1.263.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.