КОВИД - 19: Не е само Скопје. алармантно е и во уште еден град
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Ноември, 2020
Податоците кои вчера ги објави Министерството за здравство, покажуваат дека освен во Скопје, висока бројка на заразени има и во Тетово.
Бројот на активни случаи е висок во повеќето македонски градови.
Во главниот град има активни 8.254, а во Тетово има 1.051.
Прилеп има 878, а Куманово 821 активен случај на коронавирус.
Деновиве Македонија бележи над 1.000 заразени дневно.Сите земји во регионот го вратија полицискиот час, освен Македонија и Бугарија.
Овие мерки се преземаат со цел да се сузбие ширењето на Ковид-19.
Во новата работна недела можно е да имаме нови рестрикции, а болниците во Македонија веќе се оптоварени.