КОВИД БИЛАНС: Tројца починати и 121 позитивен
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Септември, 2020
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1410 тестирања, а регистрирани се 121 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-6, Струга-6, Велес-3, Битола-6, Охрид-11, Кавадарци-4, Гостивар-4, Гевгелија-3, Струмица-3, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Македонски Брод-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-2 и Кичево-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени пациент од: Скопје-50, Куманово-32, Штип-7, Прилеп-11, Тетово-4, Струга-4, Велес-2, Охрид-2, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-1, Струмица-2, Радовиш-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-2, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-2.
Починати се 3 лица, двајца пациенти од Прилеп (63 и 83г) и еден пациент од Струга (60г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15414, бројката на оздравени пациенти е 12896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1881.Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6210, активни 571
• Куманово 1562, активни 206
• Дебар 264, активни 31
• Штип 1197, активни 89
• Прилеп 534, активни 129
• Тетово 1266, активни 107
• Струга 610, активни 61
• Велес 284, активни 22
• Битола 237, активни 46
• Охрид 388, активни 62
• Кавадарци 195, активни 28
• Гостивар 829, активни 95
• Гевгелија 80, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 86, активни 31
• Крива Паланка 71, активни 27
• Радовиш 49, активни 8
• Крушево 18, активни 2
• Кочани 174, активни 43
• Пробиштип 91, активни 16
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 81, активни 13
• Пехчево 38, активни 26
• Берово 70, активни 34
• Валандово 11, активни 3
• Виница 85, активни 26
• Делчево 115, активни 82 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 23, активни 4
• Свети Николе 304, активни 26
• Кичево 287, активни 39
• Ресен 147, активни 0
• Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1410 теста се преку: ИЈЗ-310, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-212, Биотек-248, МАНУ -177, Жан Митрев (Филип Втори)-140, Систина со PCR метода -173, лабораторија Лаор –61, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-35, Инфективна клиника-6, ГАК-14, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 161.590 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка е 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 129, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 51
• Гази Баба – 71
• Аеродром - 94
• Карпош – 68
• Центар – 61
• Кисела Вода – 54
• Ѓорче Петров – 33
• Бутел - 43
• Шуто Оризари – 20
• Студеничани – 16
• Сарај – 16
• Арачиново – 9
• Илинден – 12
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 1
• Петровец – 4
• Зелениково - 1
• Странец – 4
• Нераспределен-9
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.