Ковид болница и полицијата да казнува за непочитување на мерките, бара кумановскиот кризен штаб
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Јули, 2020
Кумановскиот кризен штаб e незадоволен од казнувањето на полицијата на терен, и бара и Ковид болница.
Кумановскиот кризен штаб со кој претседава градоначалникот, Максим Димитриевски на денешната седница донесе заклучок дека се незадоволни од дејствувањето на полицијата на територијата на општина Куманово.
Велат дека полицајците не преземале доволни превентивни и репресивни мерки во смисла на опоменување на поголеми групи во одредени делови на градот, непочитување на социјална дистанца, неносење на заштитна маска.
„Бараме од Влада на РСМ во соработка со Општина Куманово да пристапи на зголемување на капацитети на болницата за третирање на пациенти со COVID -19, со подготовка на Ковид болница на простор утврден од Општина Куманово и Министерство за здравство и заедничко инвестирање, со цел да се зголеми капацитетот на Општа болница Куманово и да се подготвиме за евентуалните пикови во наредниот период на ковид кризата“, стои во еден од заклучоците.
Освен ова тие бараат Владата и надлежните да направат увид во делот на организациска поставеност во банките и други приватни јавни институции со можност за воведување на нумерациски систем за да се избегнат постојаните метежи на јавно прометните површини пред овие услужни установи.
„Бараме од Влада на РСМ да се засили надзор на северната граница во однос на движење на бегалците, нивно сместување во ТПЦ Табановце и влијанието на населението во однос на здраствената состојба на истото, како и почитување на уредбата на Владата на РСМ донесена на 26.03.2020 година“, се вели во соопштението од Кризниот штаб.
Откако почна да се казнува неносењето на маски, во СВР Куманово има најмалку изречени казни.Само 1.357 прекршувања регистрирала полицијата на подрачје на СВР Куманово.
Вчера имаше нови 21 заразен во Куманово.
Активни случаи во градот има околу 250.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.