27 Април, 2024
0.0294

КОВИД ЦЕНТАРОТ „КОЗЛЕ“ СО ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ САМО ЗА ДЕЦАТА: Подготовки за есенскиот бран на вирусот

Објавено во: Македонија 29 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ кој поради епидемијата на корона вирусот беше пренаменет во Ковид центар 2- и за возрасни пациенти, освен децата, со почетокот на новата учебна година која официјално треба да почне на 1.октомври ќе биде во функција само за најмладите пациенти, доколку вториот, односно најавуваниот есенски бран ги зафати и нив, истакнува во разговор за Фактор, директорот на оваа здравствена институција, д-р. Ангелчо Андоновски.

-Институтот за белодробни болести кај децата „Козле“ секогаш давало и ќе дава придонес за здраствената грижа на нашите деца, како и кога беше епидемијата со морбилите така и оваа пандемија на КОВИД 19, брзо и професионално беше дочекана. И борбата се уште трае, но секогаш сме подготвени да учествуваме и да победиме. „Козле“ заедно со Министерство за здравство повторно се подготвува со стратегија која ќе биде бедем за справување со напливот на малите пациенти. Ковид 2 центарот за адулти, сега во овој период со почетокот на школската година ќе биде префрлен за да можеме да се посветиме на децата доколку овој втор бран ги зафати и нив. Да се надеваме дека со целото искуство кое го имаме ќе се справиме најпрофесионално и дека ќе одговориме со сите сили на оноа што не очекува но секако подготвени и со голем елан, вели д-р. Андоновски.

И во наредниот период, како што појансува тој, се очекува соработка со стручни кадри од инфективната клиника, пред се поради тоа што Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ не располага со инфектолози.

-Во периодот кој измина, Детската болница „Козле“ работеше беспрекорно и со адултните пациенти кои беа заразени со Ковид 19 , тимовите кои ни беа на испомош беа навистина обучени и професионални кадри кои имаа и стекнаа нови искуства во справување со оваа нова болест. Постојано имавме помош и од Инфективната клиника и сите други интернистички клиники кои го дадоа својот придонес безпрекорно. Во периодот кој следува секако дека ќе имаме соработка повторно со стручните кадри поготово од Инфективната клиника која сега е наш сојузник во оваа борба со корона вирусот, вели д-р. Андоновски.  

Од самиот почеток на епидемијата во земјава, болницата Козле ја доби задачата да работи со сите супсектни пациенти , пациенти со фебрицитет, пациенти со пулмонални проблеми, со еден збор на сите деца од целата држава на кои им беше потребна помош.

-„Козле“ е токму болницата која работеше со првите Ковид болнични протоколи кои беа прилагодени на нашата болница се со цел да се избегне несаканиот момент на контаминација. Дури работевме и со режим каде дел од болницата функционираше само со ковид пациенти и дел во кој беше спорведуван МОЈ ТЕРМИН и дел за хоспитализација на пациенти без ковид, но со пулмонални проблеми. Брзото и правилно менаџирање беше се со цел брзо прилагодување на овој болнички капацитет за да спасува животи и да се грижи за сите како за најмладите така и за возрасните пациенти заразени со оваа нова болест. Досега во болницата беа хоспитализирани над 400 деца и толку мајки, а само кај 60-тина од нив беше дијагностициран вирусот. Кога станува збор за адултни пациенти, до сега вкупната бројка на хоспитализирани со Ковид 19 беше 80 од кои само 3 смртни случаи, сите други беа успешно излекувани. Онаа што постојано го спомнуваме а на општа радост е дека до сега немавме ниту едно дете со последици од Ковид 19.  Сите се успешно излекувани и нивната состојба е постојано под контрола. Морам да напомнам и да се заблагодарам на целиот персонал, лекарите, сестрите, лаборантите, дури и административните работиници дека сите се справија со задачата и се справуаваат и сеуште. Без нив целава слика целиов мозаик и борба не ќе беа целосни. Се надевам дека ќе продолжиме и понатаму заедно да решаваме со успех и во периодот кој не очекува. Знаеме дека имаме недостаток на персонал, но сепак успешно го менаџираме секој недостаток и сплотено решаваме се, другото ќе следува понатаму, истакнува во разговорот директорот на „Козле“.

Веќе има најава дека во кругот на овој Институт ќе биде поставен и монтажен објект, кој ќе биде поврзан со болницата, а кој пред се ќе биде наменет за хронично болните пациенти и оние кои не се заразени со корона вирусот.


-До сега покажавме дека можеме да работиме во секакви услови и на секаков начин кој е прилагодлив за нас и нашите услови. Моментот дека е во најава поставување на монтажен триајжен објект во кругот на болницата кој ќе биде поврзан со самата болница, ќе придонесе болницата да профункицонира со сиот расположлив кадар и опсег, кој секако ќе ги доведе и хроничните пациенти на кои им е потребна контрола, а и на сите оние пациенти кои не се со ковид, а им е неопходна нашата помош. Да, секако дека веќе се е во подготовка и се надеваме дека нашата заложба како досега така и натаму ќе вроди со плод. Сакаме нашата болница да го врати реалниот примат, СЕ ЗА ДЕЦАТА и со процесот на вакцинацијата да го нивелираме здравјето на сите, а најважно за нашата иднина се децата. Секогаш мојата заложба како човек со заклетва, човек со желба и радост да работи за најмладите ќе ми биде и ѕвезда водилка за да уште повеќе се заложам оваа детска болница даостане на врвот во давањето на грижата за децата, потенцира д-р. Андоновски.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“