24 Ноември, 2024
0.0269

КОВИД МОЖЕ ПОВТОРНО ДА БАРА НАЧИНИ ДА ПРЕЖИВЕЕ, НО ЌЕ НЕМА РАЗОРНА СИЛА: Епидемиологот Стојанов за есенските предизвици

Објавено во: Македонија 15 Април, 2022

Добивај вести на Viber

По детални проценки на епидемиолошката состојба со корона вирусот во Македонија, здравствените власти секоја недела препорачуваат олабавување на некои од антиковид мерките кои досега беа на сила со цел спречување на понатамошното ширење на Ковид-19. Со големо задоволство граѓаните особено го дочекаа укинувањето на мерката која се однесува на носењето маски во затворени простори, но сепак, не сите веднаш ги оставија маските дома. Тоа е добро, вели во разговор за Фактор епидемиологот д-р Александар Стојанов, пред се поради фактот што во последните години, не само Македонија, напротив и најсилните здравствени системи во светот се соочија со сериозни проблеми.

-По две години светот навистина постигна многу во справување со корона вирусот, но не е крај на пандемијата. Треба внимателно да се однесува секој поединец. Тоа што првично научивме е дека вирусот со кој живееме во последните две години е крајно непредвидлив. Се сметаше за зимски вирус, но се докажа дека трае и опстојува и напаѓа со сета силина и во текот на топлите месеци. Лани во март-април имаше силен бран, преполни болници, па стивна. Потоа почна бројот нагло да се зголемува во август. Повторно се полена болниците. Значи, сега имаме навистина поволна епидемиолошка состојба, но нашата слаба точка е тоа што имаме многу мал опфат на вакцинација. Далеку поголем е бројот на луѓето кои ја прележаа болеста, отколку на оние кои се вакцинираа. Ако имавме и повисок процент на вакцинирани, секако дека големата слика ќе беше далеку подобра. Оттука никако не можеме да бидеме сигурни дека повторно нема да се случи зголемување на бројот на нови инфекции повторно наесен, вели д-р Стојанов.

Епидемиологот посочува дека не очекува да соочуваме повторно со нови и опасни бранови на корона вирусот, но како што вели никогаш не се знае.

-Летово секако ќе бидеме поопуштени. Во сите земји се укинуваат рестриктивните мерки, особено онаму каде што туризмот е една од најважните гранки. Грција најави укинување на сите мерки токму во период на туристичката сезона од 2.мај до септември, но веднаш кажаа дека повторно ќе ги вратат. И на луѓето им е навистина доста од вакви-такви рестрикции. Мерките во секој период беа прекршувани, затоа имавме силни бранови со преполни болници. Сега сме во подобра состојба како и да е. Населениоето има далеку посилен имунолошки одговор на вирусот, но, никако не смееме да заборавиме дека се уште има болни и луѓето се уште починуваат од компликации на Ковид-19, нагласува д-р Стојанов.

Со вакцинирањето, како што вели епидемиологот, првичниот Вухан сој е искоренет, но тие не се покажаа најефикасни кај новите, последните мутации, особено кај омикрон и стелт омикрон.

-Вакцините беа проектирани за основниот вид на корона вирусот, Вухан сојот и добро е што тој веќе го нема. Но, ефикасноста на вакцината против омикрон не се покажа во најубаво светло. Добрата страна беше што не дозволуваше голем број хоспитализации кај заразените, или пак доколку некој завршеше во болница, а е вакциниран, не беше потребно да лежи на интензивната нега. Секако, не можеме да бидеме сигурно дали Ковид-19 нема повторно да направи некој нов вид, подвид и така натаму, и како ќе успее да го преживее летово, но научниците во светот не седат со скрстени раце. Фајзер веќе најави дека подготвува вакцина која ќе се става еднаш годишно, сосма исто како за грипот и дека ќе биде ефикасна против неколку соја на корона вирусот, односно ќе биде повеќетипна, вели епидемилогот Стојанов во разговорот за Фактор.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина