КОВИД-ПАСОШИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОТРЕБНИ ДО КРАЈ НА ПАНДЕМИЈАТА: Сертификатите ќе се користат и за влез во авион
Објавено во: Свет 14 Април, 2021 10:24
Еврокомесарот за
правда, Дидие Рејндерс изјави дека „зелените“ ковид-пасоши ќе се користат сè додека
Светската здравствена организација не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а
авиокомпаниите ќе можат да ги бараат при закажување на летовите.
Тој го претстави предлогот на Европската комисија во Европарламентот нагласувајќи дека тоа ќе биде алатка на земјите членки за поголема доверба.
-Надлежните органи ќе можат да се потпрат на оваа алатка, за да го олеснат слободното движење на лицата, истакна Рејндерс, истовремено нагласувајќи дека ваквите дигитални сертификати ќе може да се користат и за влез во авион.
Ковид-пасоши ќе бидат издавани за сите вакцини против корона вирусот со кои се врши имунизација, а според Рејндерс, целта е да почнат да се користат пред крајот на јуни.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





