Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје
Објавено во: Мои пари 20 Декември, 2024
Во знак на солидарност и поддршка за пациентите и здравствените работници во Клиничкиот центар ”Мајка Тереза” во Скопје, Компанијата Кожувчанка денеска донираше 8,5 тони природна Изворска вода, со цел да помогне во справувањето со моменталниот недостиг на вода во главниот град.
Како Компанија која секогаш посветено се грижи за доброто на своите граѓани, Кожувчанка ја препознава сериозноста на состојбата во која се наоѓа Скопје, со оглед на актуелните предизвици со недостигот на вода овие денови.
Знаеме дека водата е основна потреба за функционирање на здравствените институции, а Клиничкиот центар”Мајка Тереза” во Скопје, кој секојдневно се соочува со бројни пациенти, сега има огромна потреба од стабилен снабдувачки капацитет.
Кожувчанка и понатаму ќе продолжи да биде активно вклучена во иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на условите во заедницата и секогаш ќе биде поддршка на здравствените институции во периоди на криза.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.