„ВОДА НЕМА НИ ЗА ЛЕК“: Се испразнија полиците на маркетите во Скопје
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2024
По најавата на „Водовод и канализација“ дека од петок вечер па во текот на сабота, ќе биде затворен главниот градски цевковод, Скопјани деновиве масовно прават залихи со вода.
Во маркетите и продавниците се бара шише плус, а рафтовите некаде се целосно испразнети а некаде едвај може да се најде по некое останато шише.
„Сосема е оправдана паниката на граѓаните. Со оглед на тоа што се најави дека не е познато до кога нема да има вода, граѓаните сакаат да бидат обезбедени со вода. За нас како продавачи не е сеедно, бидејќи во зимскиот период немаме залихи како што правиме летно време, па тоа претставува дополнителна работа“, вели сопственичка на мал дуќан во Карпош.
Граѓаните се гневни и бесни. Велат дека во ред е да се санира дефектот, но велат дека не е во ред да не се најави до кога нема да има вода. Велат дека се оставени на зголемен трошок заради тоа што мора да купуваат вода, дополнително затоа што станува збор за викенд кога сите се во своите домови.
„Среќа па најавија, но не е фер да не знаат колку време ќе им треба за да го санираат дефектот. Сепак мислам дека градот и водоводното претпријатие треба да не опслужат со цистерни за вода “, вели скопјанката Билјана Трајковска, жителка на Карпош.
Санацијата на дефектот ги одложи и операциите во Клиничкиот центар. Тие ќе се откажат а ќе се третираат само итни случаи.
„Од „Службата за општи и заеднички работи“, при клиниките, информирани сме дека се во тек подготвителни активности за непречено функционирање на клиниките, при прекинот на снабдувањето со вода. За греење ќе се користат резервните резервоари. Службата ќе препорача клиниките да ги презакажат елективните интервенции. Останатите ресурси од тип на медицински гасови, електрична енергија, канализација, климатизација ќе функционираат вообичаено“, велат од Министерството за здравство.
Најавата и тоа што точно ќе се прави, можете да ја прочитате тука
Водовод ќе санира голем дефект, в сабота се затвара главниот градски цевковод
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.