20 Декември, 2024
0.0285

Започна пријавувањето за уличната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ

Објавено во: Мои пари 20 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Денеска официјално започна пријавувањето за уличната трка HalkEcoСкопје Трча 10КМ, која ќе се одржи на 11 мај, 2025 година со почеток во 09:00 часот. Пријавувањето за трката може да се направи преку официјалната веб-страница, а првиот рок за пријавување завршува на 20.02.2025 (стандардниот пакет на котизација за учество изнесува 1000 денари). Сите љубители на трчањето ќе имаат шанса сè до 30.04.2025 (во 23:59 часот) или до пополнување на предвидениот број учесници, да се пријават преку сајтот на HalkEcoСкопје Трча 10КМ, односно на следниот линк https://www.skopje.run/. Пакетот на котизација за учество во овој период изнесува 1300 денари. На денот на трката не е можно пријавување.

При процесот на пријавување учесникот ќе треба да го одбере таргет времето за кое би ја истрчал трката, и според кое ќе биде распореден во стартната зона. На стартот на трката тркачите ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови според таргет времето кое го имаат одбрано при процесот на пријавување. Таргет времињата се следни:зона 1 - таргет време под 45:00, зона 2 - таргет време од 45:01 до 50:00, зона 3 - таргет време од 50:01 до 55:00, зона 4 - таргет време од 55:01 до 1:00:00 и зона 5 - таргет време над 1:00:01.

Стартот, како и целта на трката ќе бидат позиционирани на веќе препознатливата локација, - пред фонтаната Лотус во Скопје, а патеката за трчање ќе биде поставена по дел од булеварот Илинден и дел од булеварот Партизански Одреди. Времетраењето на трката ќе биде 90 минути, по тој период сите учесници ќе бидат замолени да ја напуштат патеката. Должина на патеката е 10.000 метри, која се трча во еден круг со старт и цел на исто место.

Трката е отворена за сите, без разлика дали се работи за индивидуални учесници, или пак за група пријатели или компанија, кои имаат можност да ја пријават својата екипа за рангирање на екипен пласман на трката.

Организаторот на трката Сојуз на спортови на Скопје (кој е организатор на Виз Ер Скопски Маратон и Авицена Женска Трка), во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги повикуваат сите љубители на спортот и трчањето, да се пријават и да земат учество на овој спортски настан. 

Насловен спонзор на HalkEcoСкопје Трча 10КМ еХалкБанк,а покровители се Министерството за спорт и Град Скопје, со огромна помош и поддршка од верните спонзори и партнери.  

Успешната приказна HalkEcoСкопје Трча 10КМ започна 2017 год, која беше организирана со ентузијазам и желба да се збогати понудата на квалитетни трки, при што заедно со спортистите целта е да се подигнеме свеста за активен живот на граѓаните. Оваа трка годинава ќе го има своето седмо издание, со што веќе станува традиционална, со тенденција да биде организирано поуспешно издание од претходното.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КАРДИОЛОШКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕ ПЕТ УСПЕШНИ TAVI – ПРОЦЕДУРИ ВО ЕДЕН ДЕН

КАРДИОЛОШКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕ ПЕТ УСПЕШНИ TAVI – ПРОЦЕДУРИ ВО ЕДЕН ДЕН

КАРАВАНОТ „ЗИМСКА НОВОГОДИШНА БАЈКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ШИРИ МАГИЈА НИЗ СКОПЈЕ

КАРАВАНОТ „ЗИМСКА НОВОГОДИШНА БАЈКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ШИРИ МАГИЈА НИЗ СКОПЈЕ

„Grand View“ – Живот на река по поволни банкарски услови за станбен кредит

„Grand View“ – Живот на река по поволни банкарски услови за станбен кредит

Тинекс и Mastercard со заедничка кеш-бек кампања

Тинекс и Mastercard со заедничка кеш-бек кампања

ТАВ Аеродроми донираше топли оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток во духот на празничното дарување

ТАВ Аеродроми донираше топли оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток во духот на празничното дарување

Samsung претстави нови фрижидери со иновативна AI технологија за хибридно ладење на CES 2025

Samsung претстави нови фрижидери со иновативна AI технологија за хибридно ладење на CES 2025

Подготвени за новата дигитална иднина преку воведување на иновативни услуги на пазарот

Подготвени за новата дигитална иднина преку воведување на иновативни услуги на пазарот

Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје

Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје

„Арс Ламина“ ја објави првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик – „Дом во тишина“

„Арс Ламина“ ја објави првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик – „Дом во тишина“