06 Декември, 2025
0.0589

КРАЈ НА СЕНЗАЦИОНАЛИЗМОТ И ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ: Фејсбук ќе им дава приоритет на „доверливите“ медиуми

Објавено во: Финансии 20 Јануари, 2018 08:58

Добивај вести на Viber

Фејсбук ќе започне да им дава предност на „доверливите“, односно веродостојни информации од медиуми на почетната страница во рамките на борбата против „сензационално и погрешно информирање“, пишува извршниот директор на компанијата, Марк Закерберг во свој пост на Фејсбук.

Социјалната мрежа има над 2 милијарди корисници и ќе ги интервјуира за да утврди кои медиуми заслужуваат доверба.

Од следната недела почетната страна на Фејсбук ќе им даде приоритет на „висококвалитетните вести“ над извори, кои уживаат пониска доверба.

„Социјалните медиуми им овозможуваат на луѓето да ги шират информациите побрзо од кога и да било досега и ако не се фатиме со проблеми како сензационализмот, лажни информации и поларизацијата, ние само ќе ги засилиме“, пишува Закерберг во свој пост на Фејсбук.

„Веќе ќе ги прашуваме нашите корисници дали познаваат даден извор на објавување на вести и дали му веруваат. Некои медиуми се сметаат за веродостојни само од своите читатели или гледачи, додека други уживаат поголем степен на довербата на јавноста, дури и од луѓе, кои не ги следат директно“, вели Закерберг.

Во зависност од одговорите на корисниците публикации од медиуми кои се сметаат за доверливи, ќе се повидливи во почетните страници на Фејсбук.

Пред помалку од 10 дена Фејсбук ја објави официјално огромната промена која претстои при начинот на кој социјалната мрежа ја покажува содржината на своите корисници. Експериментот кој веќе неколку месеци се прави во Словачка, Шри Ланка, Србија, Боливија, Гватемала и Камбоџа - во News Feed да се дава предност на содржини од семејството и пријателите пред медиумските и другите публикации, ќе стане факт за сите земји во светот и сите 2 милијарди корисници.

Но токму таа промена му ги донесе првите загуби на милијардерот.

По информациите дека Фејсбук наскоро на глобално ниво ќе го промени начинот на прикажување вести и на сите во светот ќе им воведе раздвоен News и Explore Feed, акциите на таа компанија паднаа за повеќе од 4 отсто а Марк Закерберг изгуби над 3 милијарди долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција