27 Ноември, 2024
0.1204

Кратовски „Силекс Неметали“ прејде во рацете на турски холдинг

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Силекс Неметали СТ, најголемата кратовска компанија која од нејзиното формирање од 2006 беше фаворизирана од државните елити, е продадена на турски инвеститор во текот на овој месец.

Холдингот Бахаш изминатите денови го превзел сопствеништвото на градежната компанија од досегашниот сопственик - АД рударско индустриски комбинат Силекс, објавено е на Централен регистар. Наместо досегашниот директор Васил Ристовски, со компанијата ќе управува турскиот државјанин Кенан Кол. Турскиот холдинг, според она што може да се пребара, има над 15.000 вработени и поврзан е со 29 земји. Најмногу го покрива производството и градежништвото.

Силекс Неметали СТ заедно со Силпен СТ, и двете во досегашна сопственост на АД Силекс, се најголемите кратовски фирми. Со промената на власта, компанијата продолжи да работи со тешкотии, но државата и натаму ја „поддржуваше“. Силекс Неметали СТ од 2019 со низа милионски трансакции од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна да го наплаќа рекордниот договор од 30,5 милиони евра за изградба на браната „Речани“ што беше постигнат на два дена пред парламентарните избори 2016.

Рокот за изградба на браната, според договорот е пет години, а неговата ефективност, според претходно објаснување од Министерството за земјоделство, започнува со датумот на воведување на работа на операторот, односно од мај 2019. Рокот завршува во текот на 2024, а досега е завршена само една третина од работата. Инаку со овој проект треба да се реши водоснабдувањето на 90.000 граѓани од Кочани, Виница и од околните населени места. Ќе служи за наводнување на земјоделски површини во кочанскиот регион, но и за збогатување на туристичко-рекреативната понуда со оформување на новото вештачко езеро.

Во меѓувреме градежно-рударската компанија имаше турбулентен период во случајот „Труст “ заедно со „Трансмет“ на Сеад Кочан, за незаконска наплата на 17,3 милиони евра за тендер за ископ на јаловина за тогашен ЕЛЕМ. Во 2019 со пресуда на Апелација на „Силекс Неметали“, како и на „Трансмет“, им беше забрането учество на тендери во наредните три години. Имотот требаше да биде конфискуван за 17,3 милиони евра, колку што и беше тендерот со ЕЛЕМ, но од тогаш речиси нема никакви детали во јавноста до каде е реализацијата на заплената и дали воопшто има нешто такво.

Останува да се види дали „Силекс Неметали СТ“, како компанија специјализирана за нискоградба, со новите сопственици ќе конкурира како евентуален подизведувач на Бехтел и Енка во изградбата на новите автопати во начелниот договор од 1,3 милијарди евра.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство