27 Ноември, 2024
0.0310

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Најголемата српска телекомуникациска компанија, Телеком Србија, која преку својата фирма ќерка, МТЕЛ, е присутна и во Македонија, подготвува аквизиција на удел во компанија во својата матична држава, односно планира купување на удел во фирма за сајбер безбедност.

За тоа известување стигнало пред неколку дена и до нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, токму поради фактот што Телеком Србија работи на пазарот во земјава.

Конкретно, Телеком Србија сака да купи удел во друштвото со ограничена одговорност „Пулсец ДОО“ од Белград, со што практично ќе стекне контрола врз таа компанија.

„Комисијата за заштита на конкуренцијата прими известување за концентрација со која Телеком Србија со регистрирано седиште во Белград, стекнува контрола над ПУЛСЕЦ ДОО, со регистрирано седиште во Нов Белград, Република Србија, преку стекнување на удел“, се вели во објавата од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Како што е познато, а навеле и оттаму, Телеком Србија е оператор за електронски комуникациски услуги и мрежи, регистриран за кабелски телекомуникации, а пред се обезбедува услуги за фиксна и мобилна телефонија, интернет и мултимедијални услуги на територија на Србија.

Телеком Србија е најголемата телекомуникациска компанија во земјите од ппоранешна Југославија.

Извесен период во земјава работи МТЕЛ, а од КЗК прецизно ги навеле услугите на оваа компанија.

„Телеком Србија има едно поврзано правно лице на територијата на Република Северна Македонија, односно друштвото за трговија и услуги МТЕЛ ДООЕЛ Скопје, регистрирано за дејност жичани телекомуникации, односно за давање на следните услуги: јавна радио – комуникациска мрежа, широкопојасен пристап на интернет, меѓуоператорски услуги, јавно достапни телефонски услуги во јавна мобилна комуникациска мрежа, реемитување на телевизиски програмски сервиси, сателит“, се вели во објавата.

За ПУЛСЕЦ ДОО од Белград, пак, се наведува дека е регистриран давател на дејности на компјутерско програмирање и други дејности за кои се исполнети условите на територијата на Република Србија. Како технолошка компанија специјализирана за имплементација на напредни cybersecurity решенија, а со цел заштита на клиентите, нивните податоци и корисниците од cyber пречки.

Во Северна Македонија, целното друштво нема поврзани правни лица и не стварило приходи.

„Согласно подносителот, како релевантен пазар може да биде пазарот на давање на услуги на мрежна безбедност. Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата“, објавија од КЗК на својата веб страница.

Засега од МТЕЛ не ги коментираат овие најави, со оглед што тоа е се уште незавршен процес кој се однесува на нивната фирма мајка во Србија.

Инаку, како што неодамна објавија од МТЕЛ, кои се членка на Групацијата Телеком Србија, тие успешного завршија процесот на аквизиција на Lyca Mobile, како значаен момент во посветеност на компанијата за проширување на своите услуги и збогатување на искуствата на корисниците во Македонија.

„Особено сме задоволни што можеме да објавиме дека преговорите и сите административни постапки за преземање на телекомуникацискиот оператор Lycamobile се успешно завршени и од денеска Lyca mobile станува МТЕЛ. Уверени сме дека корисниците кои со овој договор преминуваат во МТЕЛ семејството ќе бидат задоволни од зголемениот квалитет на услуги и поволности кои што им ги нудиме како телекомуникациски оператор. Како компанијата, сме горди што ќе им овозможиме да искусат едно поинакво дигитално искуство со користење на мобилната телефонија од МТЕЛ, но и останатите услуги како сателитска телевизија, интернет, стриминг платформата MOVE.  Станува збор за аквизиција која што е дел од нашите стратешки планови за раст и развој на македонскиот телекомуникациски пазар, план кој што продолжуваме да го реализираме и понатаму со цел зголемување на пазарниот удел, бројот на корисници, бројот на вработени и понудата на врвни телекомуникациски услуги за македонските корисници“, изјави генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ, додавајќи дека со овој договор, кон МТЕЛ семејството се придружуваат близу 60 илјади корисници на кои компанијата е посветена да им обезбеди непречена транзиција кон МТЕЛ услугите.

Н.Н.Ф.

Фото: ЕПА

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години