27 Ноември, 2024
0.0260

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Најмногу туристи сме изгубиле од соседна Бугарија, но и од кај другите соседи како Грција и Косово. Сепак, во меѓувреме значително се зголемил бројот на гости од Турција, како и од соседна Србија.

Ова го покажуваат податоците од годишниокот на Државниот завод за статистика. Во изминативе пет години туристичкиот сектор доживеа големи турбуленции, кои најмногу се должат на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид, кога беа стопирани патувањата.

Бројките покажуваат дека во нашата земја во претпандемиската 2019 година имало вкупно 1.184.963 туристи, по што во 2020 година нивниот број значително се намалил на 467 илјади туристи. Иако туристите се зголемувале низ годините, сепак, до 2023 година не беше достигнато нивото како во 2019 година. Во текот на минатата година имало вкупно 1.168.730 туристи.

Податоците покажуваат дека иако имаме раст на туристите, одредени посетители тешко успеваме да ги вратиме.

Така на пример, соседите од Бугарија по пандемијата како да ја избегнуваат Македонија. Во текот на 2019 година од истокот ни дошле 55.880 туристи, по што следува нагол пад, кој се уште не е опоравен. Во текот на 2023 година од Бугарија ни пристигнале 24 илјади туристи.

Се намалиле и туристите од соседно Косово, од каде во 2019 година имало над 25 илјади туристи, додека минатата година околу 20 илјади.

Дури и кај традиционалните туристи кои ни доаѓаат од Полска бројките покажуваат дека се уште не се повратени на истото ниво како во 2019 година. Имено пред пандемијата од Полска не посетиле скоро 35.611 туристи, додека минатата година пристигнале над 25 илјади.

Слична е ситуацијата и со Холандија, од каде во 2019 година пристигнале скоро над 31 илјади туристи, додека во текот на минатата година не посетиле над 23 илјади.

Наспроти нив, голем раст има кај туристите кои доаѓаат од соседна Србија. Од таму во 2019 година имало скоро 60 илјади гости, кои во текот на пандемијата се намалиле, но лани достигнале цифра од 71 илјади туристи.

Најголем раст се бележи кај посетителите од Труција. Од таму во 2019 година пристигнале над 112 илјади гости, а нивниот број минатата година надминува 195 илјади посетители.

Туризмолозите објаснуваат дека е сосема очекувано први и најчести гости да бидат соседите, или гости од земји во поблиската околина, бидејќи се поблиску, и тие треба да бидат прва дестинација за привлекување туристи.

- Овие месеци доминираат туристите од Турција, претходно тоа биле гостите од Бугарија или Србија. Од година во година се менува состојбата, но тие се најбlиску географски и тие најчесто може да не посетуваат. Дополнително меѓу најбројните гости ни биле и Полјаците и Холанѓаните кои ги привлековме на поинаков начин, со помош на промоција и субвенционирани чартер летови – вели туризмолог познат на редакцијата.

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години