Развојна банка нуди кредити за дигитална трансформација
Објавено во: Економија 23 Март, 2023 17:18
Директорот на Развојна банка на РСМ - Кире Наумов, заедно со премиерот на Владата на Република Северна Македонија - Димитар Ковачевски и амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман Марти, денес, во просториите на Владата на РСМ, одржаа прес-конференција на која ја промовираа новата кредитна линија.
Развојната банка на Северна Македонија поведе иницијатива за воведување на оваа кредитна линија уште во текот на 2022 година. Следејќи ги потребите на компаниите, со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а врз основа на добиените анализи од студијата,банката во каталогот на свои производи ја воведе новата кредитна линија.
Кредитната линија ќе се реализира преку квалификувани банки-учеснички.Таа е креирана со цел да им овозможи на компаниите поволна кредитна поддршка при реализација на проекти за дигитализација и дигитална трансформација.За реализација, на располагање се ставени сопствени средства на Развојната банка.
Корисници на кредити од кредитната линија за дигитализација и дигитална трансформација преку банки-учеснички можат да бидат микро, мали и средни трговски друштва.Каматната стапка до крајните корисници е до 2,9%.
Развојната банка како и до сега, така и во иднина, континуирано ќе ги прилагодува своите производи во насока на поддршка на компаниите во новонастанатите услови на работење – истакна директорот Наумов.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




