Добивај вести на Viber
Меѓународната рејтинг агенција „Стандард енд Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Кипар за три степени од ББ до Б, со што тој уште повеќе падна надолу во категоријата на шпекулативни инвестиции, со најава дека е можно тој наскоро да биде намален уште повеќе.
„Стандард енд Пурс“ ја образложи својата одлука со неактивност на властите и забавување на меѓународната помош за таа членка на еврозоната, а оттаму истакнуваат дека Владата се уште не одговорила на спасувачкиот план, а надворешните и буџетските ризици се зголемиле.