Кредиторите прават последен обид да ја спасат Грција од банкрот
Објавено во: Балкан, Економија 18 Април, 2015 14:14
Последен обид прават кредиторите, за да ја спасат Атина од банкрот.
Денес е последната рунда од преговорите.
Грција ја очекува последната транша финансиска помош, за да си ги покрие обврските на кредитот, но одбива да ги наметне неопходните економски мерки.
„Земјата е пред крах и хаос“, предупредува опозицијата.
Започнува нова рунда на преговори меѓу Атина и кредиторите со надеж да се постигне договор пред 24 април, за кога е закажана седницата на министрите за финансии од Еврогрупата. Владата изразува оптимизам, иако одби да прифати голем дел од неопходните економски мерки. Премиерот Ципрас, а и министри од неговиот кабинет, изјавиле дека кратење на пензиите и платите, нови даноци и нагло зголемување на ДДВ не се мерки кои ќе и помогнат на грчката економија.
Од своја страна техничкиот тим на кредиторите, кој повторно почнува денеска во Париз преговори со грчките експерти, не покажува можност за компромис.
Министерот за финансии, Јанис Варуфакис изјавил дека во отсуство на финансиска помош Атина ќе престане со исплатата на обврските кон доверителите, за да обезбеди средства за плати и пензии.
Грчката влада се обидува да постигне договор со министрите за излез од еврозоната не се предвидува.
Опозициските партии апелираат премиерот да ја прифати програмата на кредиторите за да ја спаси земјата од банкрот, независно од политичката цена која во овој случај ќе ја плати Сириза.
Се почесто медиумите коментираат за веројатноста владата да поднесе оставка.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




