16 Мај, 2024
0.0281

Кремљ го негира договорот со Атина за аванс од 5 милијарди евра за „Турски поток“

Објавено во: Балкан, Економија 18 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Русија го негираше извештајот на германските медиуми, кои навестија дека може да се потпише договор за гасоводот „Турски поток“ со Грција до вторник, со кој може да се донесат авансно до 5 милијарди евра во празната државната каса на Атина.

Германското издание „Шпигел“, цитирајќи ја високата фигура во грчката владејачка партија СИРИЗА, напиша дека обезбедувањето авансни средства може да „сврти нова страница“ за Атина, која сега се обидува да постигне договор со своите кредитори, за да добие нови заеми и да избегне испаѓање од еврозоната.

„Не, нема никаков договор“, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во коментар, цитиран од РИА „Новости“.

Песков потврдил дека Грците не барале финансиска помош за време на разговорите во Кремљ при посетата меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и рускиот претседател Владимир Путин.

„Секако, прашањето за енергетската соработка било подигнато. Природно по преговорите на високо ниво, се согласиле дека на експертско ниво ќе биде спроведено истражување на сите прашања поврзани со соработката во сферата на енергетиката, а Русија не ветува финансиска помош, бидејќи никој не ја сака“, истакнал Песков.

За време на посетата на Москва, Ципрас изрази интерес за учество на Грција во гасоводот „Турски поток“, кој ќе пренесува руски гас за Европа преку Турција и Грција.

Согласно предложениот договор, Грција ќе добие авансни финансиски средства од Русија врз основа на очекуваните идни добивки поврзани со гасоводот. Грчкиот министер за енергетика изјавил минатата недела дека Атина ќе ги враќа парите на Москва по 2019 година, кога гасоводот се очекува да почне да работи.

Можеби ќе ве интересира

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати