28 Ноември, 2024
0.0305

Крешник Бектеши: Пратениците Мисајловски и Димовски давале позитивни мислења за Иловица, ама денес ги нема во Собрание

Објавено во: Македонија 27 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на говорницата во Собранието, одговарајќи на пратенички прашања, рече дека во салата ги нема опозициските пратеници Владо Мисајловски и Љупчо Димовски кои, како што рече тој, своевремено како министри дале позитивни мислења за концесиите за рудникот Иловица.

„Љупчо Димовски не еднаш, не два три, повеќе од пет пати дал позитивно мислење за рудникот Иловица како министер за земјоделство. Мисајловски дал позитивно мислење кога бил министер за транспопрт и врски. „Изготвил, Одобрил“, има многу такви акти, зошто не ги прашате ваквите колеги“, рече Бектеши од говорницата пред опозициските пратеници.

Веднаш по него се обрати и премиерот Димитар Ковачевски кој дополни дека во 2016, кога на власт бил ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, имало владин записник  на кој се дава позитивно мислење за спојување на првата и втората концесија. Позитивно мислење имало дури и од Паско Кузман, тогашниот директор на Управата за заштита на културното наследство

„Јас не велам дали тие тоа тогаш го поддржувале, но се потпишале дека немаат никаква забелешка за доделување и на првата и на втората концесија“, кажа Ковачевски.

Вчера Министерството за економија објави дека се поништува одлуката за спојување на концесиите за рудникот Иловица Штука.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКО СЕ НАОЃА КАДАР: Родители бараат дадилки кои повремено или на кратко би ги чувале нивните деца

ТЕШКО СЕ НАОЃА КАДАР: Родители бараат дадилки кои повремено или на кратко би ги чувале нивните деца

НЕ ЧЕКАЈТЕ ПРИВАТЕН АВТОБУС, НЕМА ДА ДОЈДЕ: Скопските улици и денес без приватните превозници

НЕ ЧЕКАЈТЕ ПРИВАТЕН АВТОБУС, НЕМА ДА ДОЈДЕ: Скопските улици и денес без приватните превозници

СНЕЖНА ПРЕКРИВКА ДО 50 САНТИМЕТРИ: Попоски најавува сериозна промена на времето, вели снег ќе има и во скопско

СНЕЖНА ПРЕКРИВКА ДО 50 САНТИМЕТРИ: Попоски најавува сериозна промена на времето, вели снег ќе има и во скопско

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос очекува дека Македонија ќе направи уставни измени, а Мицкоски вели дека имаат црвени линии

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос очекува дека Македонија ќе направи уставни измени, а Мицкоски вели дека имаат црвени линии

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: Кои се потпретседателите?

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: Кои се потпретседателите?

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит