КРИМИНАЛ СО ТЕНДЕРИ ИМАЛО И ВО БРИСЕЛ! Неколку градежни компании имале повластен третман
Објавено во: Економија, Свет 28 Октомври, 2025 12:22
Јавното обвинителство на Брисел денеска соопшти дека започнало истрага со цел да утврди дали се извршени кривични дела при реализацијата на јавниот тендер за изградба на новата линија број 3 на бриселското метро.
Обвинителство информира дека решило да ја започне истрага за случајот врз основа на Извештајот на белгискиот Ревизорски суд, во кој се тврди дека целиот процес на избор на изведувачи на градежните работи за изградба на метро линијата бил „лошо менаџиран, со судир на интереси и недостиг на транспарентност“.
Според ревизорите, неколку градежни компании имале „повластен третман“ во текот на јавниот тендер, при што инвеститорот „Белирис“ и бриселското јавно транспортно претпријатие СТИБ/МВИБ во целата постапка манифестирале недостиг на транспарентност и некохерентност при носењето одлуки и го прекршиле Законот за јавни набавки.
Врз основа на ваквиот ревизорски извештај, Регионалниот парламент во Брисел вчера донесе одлука да формира специјален Комитет чија задача ќе биде да го истражи случајот.
Јавното обвинителство во рамки на својата истрага ја задолжи Централната канцеларија за борба против корупцијата (ОЦРЦ/ЦДБЦ) да ги провери неправилностите идентификувани од Судот на ревизори.
- Истрагата ќе утврди дали при процесот на јавни набавки се извршени кривични дела. Во интерес на тековната истрага, Канцеларијата на јавниот обвинител нема да дава дополнителни информации, се додава во соопштението на Обвинителството.
Планирано е метро линијата 3 да ги поврзува северниот и јужниот дел на Брисел, со што би била петта метро линија во градот. Од почетната планира сума за изградба на метро линијата од една милијарда евра, сега, според најновите проценки, се очекува дека реализацијата на целиот проект би можела да достигне и до 4,8 милијарди евра.
Обезбедувањето на овие средства би претставувало сериозен предизвик за Регионот Брисел, па и во ревизорскиот Извештај се оценува дека не е јасно како регионалните власти ќе го финансираат завршувањето на целиот проект.
Фото:ИлустрацијаМожеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




