14 Мај, 2025
0.0272

Кристин Лагард, откри како стана најмоќната жена на светот

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2019 10:07

Добивај вести на Viber

Завчера се одржа седмиот по ред Forbes Women Summit во Њујорк, организиран од Моира Форбес, извршен директор на Forbes Media и претстседател на Forbes Women. Самитот започна во 7 часот наутро, а на 20 тркалезни маси женската бизнис елита на Америка имаше можност да слушне повеќе од 20 активистки, актерки, филантрописти номинирани за Нобелова награда за мир, раководителки, директорки итн.

Но веројатно најинтересна беше приказната на единствената жена прогласена три пати од магазинот Форбес за најмоќна во три различни категории, политика, економија и право, а тоа е директорката на Меѓународниот Монетарен Фонд, французинката Кристин Лагард.

Елегантна, одмерена и силна, тоа е перцепцијата што секој ќе ја добие штом ја погледне Лагард, која за присутните откри дека за успехот на еден лидер се потребни три работи самодоверба, енергија и хуманост.

Кога ја спомена самодовербата не заборави да посочи дека секогаш имала храброст, како на пример на 15 години заминала на пат низ Франиција со дечко што не го познава, на 23 го направила истото во САД, иако се пошегува дека на нејзините синови сега не би им го дозволила тоа.

Лагард е адвокат по вокација, а пред да стане првата жена Министер за економија и финансии на Франција, работното искуство го стекнала во интернационалната правна корпорација Бекер и Мекинзи. Неколки пати истакна дека за време на работата во Бекер и Мекинзи, како помлад адвокат имала ментор, жена која претставувала своевиден модел. Неа ја опиша како цврста и силна жена во свет на правото кој во тоа време бил несомнено доминиран од мажи, но и жена која еднаш неделно одела на маникир, и два пати неделно на фризер. И сега, зошто е се ова важно да се спомене и можеби неочекувано од челичната дама Лагард, цитирам “Жените имаат многу улоги во животот, да бидат самите на себе доволни, да бидат мајки, да бидат модел за општеството. Ако сите фактори не се поклопат никогаш нема да го добиете признанието од светот. “

Во однос на еднаквоста меѓу мажите и жените, од аспект на директор на Меѓународниот Монетарен Фонд таа ја испрати следната порака “Намалете ја нееднаквоста во платите во вашите земји, економијата ќе расте, продуктивноста ќе се развива и ќе добиеме стабилност во светот”.

Кристин Лагарде беше единствената која доби стоечки овации и аплауз од сите на самитот.


За Фактор од Forbes Women Summit, Аријана Коскарова, ко-основач на Creative Hub и Forbes under 30 2019 Europe.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ЕСТЕТСКАТА ДЕРМАТОЛОГИЈА СЕ ДОСТАПНИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ЕСТЕТСКАТА ДЕРМАТОЛОГИЈА СЕ ДОСТАПНИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

„Ден на еколошка размена“ во организација на Елколект - донесете мал е-уред и направете голема промена

„Ден на еколошка размена“ во организација на Елколект - донесете мал е-уред и направете голема промена

Нова дигитализација во ОКТА за уште поефикасна контрола на квалитетот на горивата

Нова дигитализација во ОКТА за уште поефикасна контрола на квалитетот на горивата

Нова РЕсет работилница на Реплек: Практични совети за добросостојба од д-р Митов

Нова РЕсет работилница на Реплек: Практични совети за добросостојба од д-р Митов

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГОРД ПОДДРЖУВАЧ НА ВИЕНСКИОТ БАЛ ВО МАКЕДОНИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГОРД ПОДДРЖУВАЧ НА ВИЕНСКИОТ БАЛ ВО МАКЕДОНИЈА

Трансплантација на коскена срцевина за карциноми и крвни заболувања кај деца во „Аџибадем“

Трансплантација на коскена срцевина за карциноми и крвни заболувања кај деца во „Аџибадем“

Следете го внесот нa протеини секој ден, без да се откажете од вкусни намирници

Следете го внесот нa протеини секој ден, без да се откажете од вкусни намирници

УАКС го одбележува 20-годишниот јубилеј со нови меѓународни партнерства и амбициозна визија за иднината

УАКС го одбележува 20-годишниот јубилеј со нови меѓународни партнерства и амбициозна визија за иднината

ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Косово реализира успешни приказни

ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Косово реализира успешни приказни