16 Јануари, 2025
0.0526

„Критична маса“ го организира 34-то возење на точак низ улиците на Скопје

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Критична маса е неформален велосипедски собир кој се случува во над 300 градови во светот. Нема лидери, нема формална организација, само група на свесни луѓе кои сакаат подобар вело-град. Од мај 2012-та се случува еднаш месечно и во нашето Скопје! Возат секоја последна среда во месецот по различна рута и со различна тема.
Критична маса во Скопје е самоодржлив, саморегулиран и самофинансиран месечен собир на урбаните велосипедисти кој зависи од придонесот на секој учесник, пред сѐ од неговото појавување на собирот и покажување бројност („Нѐ има, земете нѐ предвид“), од активната грижа настанот да помине во најдобар ред, а потоа и од донациите за промотивните материјали, волонтерскиот придонес во: осмислувањето на настанот, неговата промоција и се разбира во креативната страна на возењата. До овој момент, скопјани 33 пати возеа масовно по скопските улици, на 33 различни теми поврзани со урбаниот велосипедизам. „Да ги освоиме по 34-ти пат улиците со нашите точаци, активно, ангажирано, свесно, заедно, со полни срца! Приклучи се! Ангажирај се! Може да нé има повеќе! И Скопје може да стане подобар град“, порачуваат организаторите.

Високи рабници на кои при искачување се напнуваш да го поткренеш тркалото, а при симнување си треснуваш; непрописно паркирани возила и нелогично поставени автобуски постојки поради кои мораш да се спушташ на коловоз сред опасни брзаци; лошо поставени знаци, билборди и светилки поради кои возиш слалом; нелогично прекинати патеки поради кои мораш да го креваш точакот во раце - се реалноста со која се соочува секој кој се обидува да вози точак во Скопје.

Во Скопје возењето точак е поистоветено со спорт и тоа е суштинската причина зошто Скопје не е пријателски град за точаци. Перцепцијата на точакот единствено како спорт (од граѓаните, од луѓето вработени во општинските администрации, па се до највисоката власт), како нешто кое го користат само оние кои сакаат да развијат мускули, само младите, само вештите, само мала група граѓани, прави моменталните услови во Скопје да се прифатат како нормални: „па ќе го кренеш малку, и тоа е вежбање“.

eventcover

Превезувањето со точак е лесна физичка активност која многу годи по здравјето. Тоа е аргумент велосипедскиот сообраќај да се вброи во категоријата здрав транспорт, но не е аргумент да се избрише од транспорт и да се вброи како спорт!

Точак не е само спорт, точак е и транспорт! Кога точакот се смета како транспорт, тогаш мора да имаат можност и услови да го користат сите! И младите и постарите и децата! И вештите и помалку вештите! И оние кои сакаат да спортуваат, но и оние кои сакаат само безбедно да стигнат од една до друга точка без никакви пречки!

Според истражување на Европската комисија, најголем мотиватор (дури за 70 % од луѓето) за изборот на превозно средство е постоењето на соодветна инфраструктура и погодности за користење на тоа превозно средство. Во каква инфраструктура вложуваме, таков сообраќај и добиваме.

На точак не загадуваме, не правиме бука и метеж, на точак градиме почист град, поведар, подобар. Затоа точакот како сообраќај заслужува повисоко место во градските политики! Од нас зависи да кренеме глас, од Град Скопје да ги реши проблемите, за да биде возможно секој, баш секој, кога ќе посака и ќе има потреба да  може да се превезува со точак, еднакво како што има услови да се превезува со кола.

Да возиме, посочуваме, критикуваме, бараме. Скопје треба да добие функционална мрежа на велосипедски патеки низ целиот град, да се интегрираат во неа патеките покрај Вардар, да се заменат сите рабници со рампи, да се отстранат сите пречки. Возењето точак треба да е возможно за сите генерации и способности, да е издвоено од автомобилски сообраќај или решено со зони на смирен сообраќај, да биде безбедно и удобно, да биде прифатено од сите како нешто нормално и почитувано.

Точаци се за возење, не се за кревање! Човек на точак, не точак на човек!

Бидете дел од Критична маса #34 на 25. февруари со почеток од 17:30 часот од Плоштад Македонија и порачајте дека точак е за возење и точка.

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села