03 Мај, 2024
0.0268

Kритикувањето на другите е алиби за сопствената неспособност!

Објавено во: Економија, Колумни 11 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Сметам дека работата за да функционира треба да се создаваат компактни тимови од луѓе кои меѓу себе се разбираат и почитуваат. Не секој може да работи со било кого. Умешноста на еден менаџер е да ги креира таквите тимови, точно знаејќи од кого што може да очекува. Иако се случува речиси и да нема компанија во која не е уфрлен некој “натрапник” кој е вработен заради тоа што директорот му е вујко, стрико или братучед, но тоа не може да донесе толкава штета колку што можат, лошо комбинираните тимови. А тоа не се само интерните тимови во рамките на една компанија туку компактни целини, комбинирани и со надворешните соработници по разни основи. Точно е дека луѓето пред се сакаат да работат со луѓе кои ги сакаат (со кои им оди муабетот и кои им се лојални), а дури потоа ја имаат во предвид нивната способност и капацитет.  Не е реткост, многу способни луѓе да не можат да напредуваат во една организација ако го немаат “благословот” од претпоставените, и тоа пред се бидејќи помеѓу нив постои дистанца. И да речеме дека во овие констатации некогаш ќе се пронајдеме, но не секогаш. Но факт е дека релациите со другите луѓе може да бидат двигател или пак кочница за развој на поединецот, на еден проект или компанија. Луѓето ја прават вредноста на една компанија. Од начинот на кој комуницираат зависи мотивираноста и желбата да се даде се од себе, или пак многу малку! Многу често се случува луѓето на челните позиции да ги обвинуваат соработниците за одреден неуспех на компанијата. И еден пример!. Менаџер за маркетинг на една компанија се соочува со проблеми, бидејќи започнатиот проект не дава позитивни резултати. Како одговорно лице е повикан да образложи зошто проектот нема ефекти. Но наместо тоа, тој за да се оправда себеси, без размислување се решава вината да ја префрли на соработниците. Иако и самиот не реализирал голем дел од своите обврски, и можеби има и најголема одговорност за проблемите со реализацијата на проектот, тој се решава на она најлесното “не сум јас виновен другите се”. Како да продолжиш да работиш со некого кој нема карактер, кој критикува за да ја сокрие својата неспособност? Кој кога тимот нешто добро ќе направи знае да ги украде заслугите на сите, кој не знае да пофали кога нешто е добро сработено. Проектот може и ќе се оправи, а можеби и нема да има голема штета, но впечатокот за односот останува за подолго време. Се согласувате дека ваквите ситуации се секојдневие, и не се нешто ново.... Но во оние компании каде има вакви менаџери, дефинитивно на долг рок нема напредок! Вработените, надворешните соработници се крајно не мотивирани за соработка, посебно ако ваквите тенденции се повторуваат. Оној што го прави ова, дефинитивно не е за висока позиција. Па дури, и ако компанијата работи успешно, тоа не е поради неговата способност, туку поради сплет на околности, или среќа.... а сигурно се пропуштило многу повеќе (т.н. опотунитетен трошок, кога со нешто што не го правите добро губите многу повеќе). Вистинскиот менаџер треба прв да доаѓа на работа, да превзема лична одговорност и со својата работа и ангажман да биде вистински пример за другите. Да се извини ако погрешил, да превземе одговорност за целиот тим. Критиката, ретко кога е вистинскиот избор! Може да направи луѓето да се почувствуваат навредени и омаловажени, но никогаш мотивирани. Добриот менаџер треба точно да знае од кого што може да очекува, да задава обврски  кои еден поединец може да ги реализира, и да постави вистински луѓе на одредени позиции. Па дури и некогаш да погрешите, треба да најде вистински начин за да ги подобри работите, да посочи дека доколку поинаки се направело ќе било подобро, и да објасни зошто. Знае да пофали  и да награди. Тргнете од себе, зарем не сакате да работите на проект каде ќе знаете дека кога ќе дадете максимум дека ќе бидете наградени, и не само морално, туку и материјално.  Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија