20 Декември, 2025
0.1564

КРИВИЧЕН СУД УШТЕ МОЛЧИ ЗА ЧУДНАТА ПРЕСУДА - од Илиевска-Јосифовиќ се жалеле и СЈО

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2020 10:24

Добивај вести на Viber

На веб страната на Основниот кривичен суд во Скопје се уште нема реакција за вчерашната, според многумина, скандалозна пресуда на судијлата Елена Илиевска-Јосифовиќ, која го осуди само со условна казна од две години чловекот кој пред две години со својот џип усмрти 32 годишен скопјанец кој возел мотор, а неговата сопруга беше тешко повредена и го изгуби бебето. 

Во јавноста не свивнуваат реакциите од оваа чудна пресуда, па би било ред да се јави самиот Кривичен суд како институција, и да го каже своето мислење за пресудата. 

Како што пишувавме, сообраќајката се случила така што Васил Ч. од Тетово, пред две години, на улицата „Теодосиј Гологанов“ кај Млечен ресторан во Скопје поминал преку две линии со својот џип „ситроен“ и удрил во моторот, на кој се возел несречниот човек. 

А дел од медиумите веќе истражуваат која е судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, која ја донесе оваа пресуда врз основа на за неа олеснителната околност, а таа е дека обвинетиот признал вина. 

Нејзин профил на социјалните мрежи не може да се најде.

На веб страната на судот стои дека таа како судијка во областа на кривичната материја е избрана на 7 декември 2011 година

А во март, 2017 година, Специјалното јавно обвинителство достави до Советот за утврдување на факти претставки за утврдување на одговорност на судиите на Основниот суд Скоје 1, меѓу кои беше и Елена Илиевска-Јосифовиќ. Со претставките е побарано да се испита работатата на судиите од аспект на нестручно и несовесно вршење на судиската функција, соопшти тогаш СЈО.

Во објавените претставки наведено е дека причина за таквото барање за Елена Илиевска Јосифовиќ е дека таа постапува пристрасно кон предметите кои доаѓаат од нивното обвинителство. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ како судија на претходна постапка одлучуваше по барања на СЈО, меѓу кои и тоа за одземање на пасошот на поранешниот директор на управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, за случајот „Трезор“. Таа го одби барање на СЈО за одземање на пасошот како неосновано.

„Судијката Илиевска Јосифовиќ пропуштила да ги утврди решавачките факти за определување на предложената мерка на претпазливост и погрешно ја утврдија фактичката состојба со што во конкретниот предмет не ја исполнила својата судиска функција согласно закон. Имено, судијката воопшто не поставила прашања за утврдување на битните елементи за предлоот за определување мерка на претпазливост“ се велеше во претставката.

СЈО претходно бараше изземање на Илиевска-Јосифовиќ од случајот „Трезор“, но судот ги отфрли наводите на Специјалното јавно обвинителство како неосновани.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки