Кривична пријава за ДИК од Македонски концепт: Скандалозно сумирање на изборниот резултат
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2020 17:27
Македонски концепт ќе достави иницијатива до
Уставен суд и кривична пријава до ЈО за ДИК, со цел да отвори пат за
вистината за изборниот режиран резултат, како што наведуваат во соопштението, без разлика дали истото тоа
контролирано судство ќе се охрабри да проработи.
-Скандалозното сумирање на изборниот резултат покажа дека ние живееме во контролирана демократија, во која не е важно кој гласа, туку кој брои гласови! Партиите се тие кои одлучуваат за изборниот резултат, а не граѓаните кои гласаат. Се договорија трите политички групации на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, да се констатира резултат со кој секоја од нив ќе ја зачува својата позиција, господин Заев како премиер, господин Мицкоски како лидер на опозицијата и господин Ахмети како неприкосновен лидер на македонските Албанци. Се договорија и ја завршија својата работа. ДИК и македонското судство тоа го аминуваа. Повторно, по стоти пат, констатираме судство под контрола на партиите. Партиите знаејќи дека не ги контролираат евентуалните пратеници од Македонски концепт, сите заедно се погрижија да не избришат од сите гласачки места, вклучително и гласовите на самите кандидати за пратеници! Тоа заслужува секаква осуда, но и гордост кај сите нас, дека сме единствена структура која не е под контрола на мафијата и нејзините политички извршители! Тоа граѓаните ќе го согледаат низ годините кои доаѓаат”, вели Петар Богојески од Македонски концепт.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




